Samsung Electronics ја воведува функцијата „Matter“ и влегува во нова ера на интероперабилност
- Детали
- среда, 09 ноември 2022
Корисниците сега можат да ги поврзат уредите Matter со апликацијата SmartThings и да живеат поврзанo полесно од кога било досега
Скопје 8 Ноември 2022 – Samsung објави дека сега е достапна функцијата Matter, која овозможува совршена контрола на уредот преку апликацијата SmartThings. Апликацијата за Android SmartThings ќе се ажурира за да овозможи контрола на сите компатибилни уреди со стандардот Matter. Така, корисниците на платформата SmartThings, наместо повеќе апликации од различни производители на уреди, сега ќе можат да ги контролираат своите Matter уреди само преку една апликација.
Како пионер во секторот за паметни домови, уште од самиот почеток, Samsung e клучен играч во придонесот кон развојот на стандардот и е една од првите компании кои добија Matter сертификат . На почетокот на оваа година, Samsung ги претстави телевизорите и фрижидерите Family Hub кои се надградени за да ја поддржуваат функцијата на Matter контролер и со тоа да ја поедностават употребата на Samsung уредите и останатите производители. Во мај 2022 година, платформата SmartThings ја лансираше програмата за рано тестирање (пристап) за партнерите - „Partner Early Access Program“, следниот чекор кон создавање екосистем компатибилен со Matter стандардот, кој на избраните партнери им даде предност во тестирањето на платформата SmartThings и мобилниот софтвер кој го поддржува стандардот Matter.
„Сега преминуваме од основно поврзување кон создавање неверојатно искуство“, рече Џејеон Јунг, потпретседателка и директорка на платформата SmartThings во одделот за мобилни уреди во Samsung Electronics. „Стандардот на материјата е иднината која на корисниците им обезбедува богат избор и компатибилност на паметни уреди. Денешниот ден го означува почетокот на голема пресвртница за масовната транзиција кон паметни домови“.
Апликацијата SmartThings поддржува мулти-административна функционалност, што им овозможува на корисниците да ги контролираат своите Matter уреди од различни платформи и апликации. Samsung и Google објавија овој месец дека го прошируваат своето партнерство како би ја унапредиле мулти-административната поддршка, сè со цел да ја подобрат интероперабилноста и да понудат подобро корисничко искуство. Отворената платформа SmartThings нуди еден од најголемите интегрирани екосистеми, а брендовите како Google Nest, Eve Systems, Nanoleaf, Yale и други ќе лансираат производи со Matter сертификат.
Поддршката за Matter контролерот на платформата SmartThings започнува со втората и третата генерација на оваа платформа, како и платформата Aeotec Smart Home. Сите платформи ќе продолжат да ги поддржуваат уредите Zigbee, Z-Wave и LAN, вклучувајќи Wi-Fi и Ethernet и ќе се ажурираат преку мрежата за да овозможат поддршка за уредите Wi-Fi, Ethernet и Matter базирани на технологијата Thread.
„Посветени сме да продолжиме да ги поддржуваме постоечките протоколи додека ѝ помагаме на индустријата да премине во иднина заснована на стандардот Matter“, рече Марк Текип, потпретседател на производи за сегментот SmartThings и член на Одборот – Сојуз за стандарди за поврзување. „SmartThings отсекогаш им обезбедувал на корисниците најфлексибилни опции за поврзување, вклучувајќи ги Zigbee и Z-Wave. Воведувањето поддршка за Matter и Thread потврдува дека платформата SmartThings останува најразновидниот екосистем за оние кои сакаат да го распоредат или прошират својот паметен дом“.
За повеќе информации во врска со платформата SmartThings посетете ја www.smartthings.com