Интервју со Елена Димовска, раководителка на оддел за корпоративни комуникации во А1 Македонија

„Со А1 Academy им помагаме на младите да ги стекнат вештините на иднината“

intervju-so-elena-dimovska-rakovoditelka-na-oddel-za-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-01.jpg

Минатата недела беше заокружен првиот циклус од предавањата на А1 Academy. Од каде произлегува идејата за A1 Academy?

Одржливиот начин на работа е секојдневие во А1 Телеком Австрија Групацијата, а со тоа и во А1 Македонија. Од 2020 година овој правец на работење доби попрецизна структура и правец. Имено, ESG (environmental, social and corporate governance) е дел и од нашата стратегија, вклучен во талисманот во кој е прикажана стратегијата на А1 Групацијата.

ESG се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување и ја реализира одговорноста што компаниите, кои се дел од А1 Групацијата, преку своите активности ја носат внатрешно и во нивното опкружување. А1 Телеком Австрија Групацијата е свесна за оваа одговорност и затоа поставува специфични цели за животната средина, општеството и нејзините луѓе. ESG е поставена како еден од столбовите на компанијата, темата е цврсто втемелена во стратешките одлуки. На тој начин, А1 Телеком Австрија Групацијата има за цел да постигне поефикасен, а со тоа и поодржлив начин на работа и живеење. Покрај тоа, компанијата ги смета овие иницијативи како двигатели на долгорочна вредност со не само еколошки и социјални придобивки, туку и економски предности.

Покрај амбициите за Климатски промени и за животна средина особено внимание посветуваме на Социјалната амбиција до 2023 година која не обврзува на едукација на над 100.000 луѓе - особено фокусирани на деца и млади – во сегментот на дигитална писменост.

intervju-so-elena-dimovska-rakovoditelka-na-oddel-za-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-02.jpg

Оттука, А1 Македонија како дел од А1 Групацијата ги спроведува овие иницијативи на локално ниво. А1 Academy е едукативна програма иницирана и спроведена од А1 Македонија и ја реализира нашата заложба - да им се даде на младите доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови, а со тоа и да дадеме придонес во креирањето насочувањето на нивниот личен и професионален развој.

Практично, А1 Академијата, претставува надградување на проектот што функционира веќе пет години, а се однесува на едукација за безбаедно користење на интернет, „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!, а е наменета за четвртоодделенците, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Истиот досега има опфатено 35 основни училишта ширум земјата и едуцирано повеќе од 3500 деца на таа возраст.

intervju-so-elena-dimovska-rakovoditelka-na-oddel-za-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-03.jpg

За кого е наменета A1 Academy и кој се може да се пријави?

Со A1 Academy ги отвораме вратите за едукација на сите млади од 18 до 25 години кои имаат желба за личен развој и кои сакаат да се стекнат со основите на дигиталните вештини или да го надополнат своето знаење. На отворениот повик што траеше 2 недели, бројот на заинтересирани тројно ги надмина нашите очекувања што ни даде потврда за издржаноста на проектот и секако дополителен сигнал за унапредување на академијата во иднина. Не случајно програмата ја започнавме со темата Digital marketing бидејќи тоа е една од најактуелните компоненти во маркетингот за која се повеќе е потребен едуциран кадар. Предавањата ги одржаа експерти во областа на маркетингот кои освен на теоријата многу повеќе се задржуваат на практични примери што за публиката е од исклучителна важност.

intervju-so-elena-dimovska-rakovoditelka-na-oddel-za-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-04.jpg

Колку во А1 Македонија посветувате внимание на унапредување на дигиталните вештини?

А1 Academy е креирана исклучително за надворешната публика, но паралелно, долги години наназад во рамките на компанијата се грижиме и интензивно работиме на креирање едукативни содржини за нашите вработени. На располагање на колегите се илјадници часови обуки на различни теми преку програмата A1 Future Hub каде се стекнуваат со нови знаења и вештини актуелни за дигиталното време што секако придонесуваат секогаш да бидеме чекор понапред во креирањето нови , дигитални услуги и алатки за нашите корисници.

intervju-so-elena-dimovska-rakovoditelka-na-oddel-za-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-05.jpg

Дали ќе продолжат предавањата и на други теми?

Апсолутно да. Успешната реализација на првиот модул е нашиот мотив да продолжиме да ја унапредуваме А1 Academy. Вториот модул започнува следната година во март на уште една актуелна тема Business Analytics, а според првичните планови , повикот ќе биде отворен веќе во втората половина на февруари 2023 година. Препорачуваме сите заинтересирани да ги следат нашите профили на социјалните мрежи, фејсбук, инстаграм и ликдин, a1academy.mk каде ќе бидат во тек со сите активности и ќе ги добијат најпрецизните насоки за пријавување.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg