dm drogerie markt донира над 1.6 милиони денари за подобри услови за родилките низ земјата
- Детали
- вторник, 08 ноември 2022
Скопје, 08.11.2022. – Компанијата dm донира повеќе од 1.6 милиони денари во опрема и апарати, како и во подобрување на условите за работа во пет јавни клиники во Македонија меѓу кои се: ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурат“ - Гостивар, ЈЗУ Општа болница - Охрид, ЈЗУ Клиничка болница - Штип, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје.
Со оваа донација компанијата има за цел да даде свој придонес во поддршка на мајчинството и на трудниците, односно да им обезбеди подобри услови во сите фази од бременоста. Опремата и апаратите што се користат во гинеколошките одделенија, а кои што сега ќе бидат модернизирани со средства од dm, на медицинските лица ќе им помогнат уште поефикасно да го следат целиот тек на бременоста. Помошта за гинеколошките клиники ќе значи и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето. Идејата на компанијата е да придонесе при креирањето услови за пријатна бременост за секоја жена.
„Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во која што делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и на здруженија. Годинава го започнавме проектот за обнова и за подобрување на условите во гинеколошко-акушерските оддели на клиниките во Македонија кои се важен дел од здравствениот систем. Во првата фаза од овој проект опфативме пет клиники од кои две во Скопје и по една во Гостивар, Штип и во Охрид. Нашата цел е проектот да го продолжиме во повеќе клиники низ државата. Општествениот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија“ велат од dm drogerie markt.
Опремата и апаратите се веќе испорачани и ќе бидат на располагање во петте јавни клиники низ Македонија.
dm drogerie markt е познат кај широката јавност како компанија што е заснована и која што целосно се придржува до принципите на општествена одговорност. Изминатата деценија, преку најразлични активности и проекти компанијата потврди дека постојано црпи инспирација од заедницата во која што работи и токму затоа помага во нејзиниот континуиран развој. Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донира рекордни 5.3 милиони денари во проекти од најразлични области.