Мултифункционален центар КРИКНИ за услуги во заедницата за лица со разни видови на попречености

Центар за младински активизам КРИК-ЦМА Крик е младинска организиација која е основана од млади луѓе. Организацијата постои веќе 10 години.

multifunkcionalen-centar-krikni-01.jpg

Главен фокус е работа со млади и возрасни лица со и без попреченост.

Мултифункционалниот центар е оформен со мисија и визија да понуди услуги во заедницата за лица со разни видови на попречености.

multifunkcionalen-centar-krikni-02.jpg

Цма Крик воспостави Дневен центар за окупациона терапија кој е наменет за корисници над 18 годишна возраст.

Центарот работи од понеделник до петок (од 09:00 до 17:00 часот), а корисниците имаат можност да го посетуваат два до три пати во неделата, по неколку часа.

multifunkcionalen-centar-krikni-03.jpg

Вработените во центарот се стручен кадар кои имаат искуство во работа со лица со попреченост и тоа окупационен терапевт, физиотерапевт и психолози. Целта на професионалниот тим на Центарот е да опфати и да мапира поголем број на лица со пореченост кои би се вклучиле и би ги следеле окупационо-терапевтските активности и услуги кој овој центар ги нуди. Окупационо-терапевтските услуги се организираат и спроведуваат во зависност од идндивидуалните потреби и желби на корисниците.

multifunkcionalen-centar-krikni-04.jpg

Учеството во активностите во центарот е бесплатно.

Нашата соработка е од трајно значење, а негувањето на соработката претставува поддршка и взаемен развој. Горди сме што споделуваме едно од најубавите нешта што Крик ги доживеа оваа година – Отворање на Мултифункционален центар во рамки на Месната заедница Црниче. Просторот каде е центарот е даден на користење од општина Кисела Вода, преку меморандум за соработка со ЦМА КРИК.

multifunkcionalen-centar-krikni-05.jpg

Центарот е реновиран со поддршка од проектот “Добивање живот”-деинституционализација на корисниците од Специјалниот завод Демир Капија, воден од People in Need, North Macedonia во партнерство со ЦМА КРИК, Здружение Солем и Специјален завод Демир Капија, а финансиран од Европската Унија.

multifunkcionalen-centar-krikni-06.jpg

multifunkcionalen-centar-krikni-07.jpg

Во дневниот цнтар се реализираат најразлични типови на активности како:

- изработување на накиот од монистра кој секој може да дојде и да го проба вооедно и да го купи,

- изработка на маски од картон,

- драмска секција каде нашите корисници припремаат куклена претстава,

- школа за танц каде изучуваме најразлични кореографии и танци,

- музичка работилница,

- изучување на странски јазици и други секојдневни активности.

multifunkcionalen-centar-krikni08.jpg

multifunkcionalen-centar-krikni-09.jpg

Со сите овие реализирани активности развиваме социјализација кај корисниците, координација, поголема функционалност, моторички движњеа и благосостојба.

multifunkcionalen-centar-krikni-10.jpg

Секој кој сака да стане дел од нашиот Центар за Окупациона терапија може да се пријави на оваа форма или пак да не контактира на телефонските броеви:

Стојан Андонов 078698658
Окупационен терапевт во ЦМА Крик

Каја Милошевска 078348284
Окупационен терапевт во ЦМА Крик

Може да не следите на социјалните мрежи:

Веб страна

Instagram

Facebook: Center for Youth Activism KRIK / КРИК

Младински Центар - Крикни

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg