Најавена квалитетна програма со над 30 експерти: Четири главни теми во фокусот на 5. Годишна конференција за е-трговија

СКОПЈЕ, 03.11.2022: Петок, 11 ноември е датумот резервиран за 5. јубилејно издание на најголемиот настан за е-трговија во Македонија - Конференцијата за е-трговија, која оваа година, под мотото „E-commerce: Accelerate!“ добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, маркетинг специјалисти, менаџери и директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.

najavena-kvalitetna-programa-so-nad-30-eksperti-chetiri-glavni-temi-vo-fokusot-na-5-godishna-konferencija-za-e-trgovija-01.jpg

Во фокусот на конференцијата годинава се четири теми кои се внимателно избрани за да одговорат на потребите на индустријата. Конференцијата ќе биде одлично место за да се научи и дознае повеќе за: можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, поврзаноста помеѓу податоците, маркетингот и технологијата, како и за вистинските приказни од успешни е-трговци од регионот. Овие четири главни теми ќе бидат претставени во 6 презентации, 1 неформален разговор, 4 панел сесии и 2 студии на случај.

Сето ова ќе биде презентирано од еминентни светски експерти кои специјално за конференцијата доаѓаат во Скопје од глобално познатите брендови меѓу кои Тик-ток, Гугл, Пејонир, Мастеркард и многу други.

najavena-kvalitetna-programa-so-nad-30-eksperti-chetiri-glavni-temi-vo-fokusot-na-5-godishna-konferencija-za-e-trgovija-02.jpg

Од домашните говорници, своето искуство на конференцијата ќе го пренесат Ангелина Блажеска, ко-сопственик на мобилната апликација за фитнес - FitKit, Бобан Милосавлески, основач и ко-сопственик на првата автоматизирана платформа за е-трговија во Македонија - Vendor, Дарко Перушески - сопственик на првата македонска национална стриминг платформа – Gley и многу други.

Традиционално, конференцијата ќе заврши со гејмификација, квиз натпревар со вредни награди за победниците. По завршувањето на официјалниот дел, вечерта следува голема роденденска забава за сите присутни учесници на конфренцијата, а утрото на 12ти ноември - искачување на Водно заедно со говорниците и спонзорите на конференцијата.

Комплетната агенда на конференцијата, заедно со имињата на сите говорници и модератори е достапна на официјалната веб-страница.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg