MOZZART донира материјални добра во ПОУ „Иднина“

Компанијата Mozzart продолжува со хуманитарните акции ширум државата. Како општествено одговорна компанија, најголемиот приредувач на игри за среќа на Балканот донира материјални добра (училишен прибор и наставни помагала) во Посебното основно училиште „Иднина“ – Скопје.

mozzart-donira-materijalni-dobra-vo-pou-idnina-01.jpg

Со цел учесниците кои се дел од оваа установа да имаат подобри услови за едукација, Mozzart реши да реализира нова донација на материјали кои ќе бидат од помош за учењето и развојот на децата кои се дел од ова училиште. Ова е втора помош за ПОУ „Иднина“ од компанијата Mozzart во краток временски период, по онаа пред крајот на 2020 година кога беа донирани преносни компјутери. Од училиштето се заблагодарија на Mozzart за реализираната донација и истакнаа колку се важни овие општествено одговорни активности на компанијата.

„Одговорноста на децата е на целата заедница. Патот на нивниот напредок и успех е и ќе биде поддржан од сите нас, затоа што сите деца имаат еднакви права и на сите треба да има се даде неопходната поддршка. Сите ние сме благодарни и горди на хуманото дело на компанијата Mozzart за поддршката за непречено реализирање на воспитно - образовниот процес и поддршка на инклузивното образование преку опрема на кабинетите за специјализирани услуги. Ова што го направивте за нас како општествено одговорна компанија е од големо значење за нашето училиште, а посебно за нашите ученици. Ви се заблагодарувам пред се во името на учениците, вработените и родителите. Сите компании во Македонија треба да го следат Вашиот пример“ – изјави директорката на училиштето, Лорета Андреевска.

mozzart-donira-materijalni-dobra-vo-pou-idnina-02.jpg

Од Mozzart им посакаа на дечињата успех во учењето и најавија дека секогаш ќе помогнат и ќе подадат рака на местата каде што тоа е најмногу потребно.

„Се надеваме дека со оваа донација ќе придонесеме кон подобрување на активноста на учениците кои посетуваат настава во училиштето ПОУ Иднина. Како општествено одговорна компанија континуирано реализираме бројни хуманитарни кампањи во сите сфери и области, а со исто темпо продолжуваме и во следниот период. Нашата компанија Mozzart секогаш ќе помогне онаму каде што е најпотребно“ – изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart.

Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции. Во годините зад нас, несебично се донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, лаптопи, инвентар, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.

Истовремено, Mozzart како одговорна компанија и поддржувач на домашниот спорт застана зад повеќе локални спортски турнири, секој месец се делат дресови преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ кои ги добија преку 100 клубови, а исто така е поддржувач и на бројни спортски колективи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg