Ново балетско студио за деца со професионални балерини и Стефанија Гаштарска која дипломираше на Балетската академија Болшој во Москва
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2022
Да се биде балерина е привилегија, сон на секое девојче и професија која е благодет за телото и умот.
Помага детето да се развие правилно во секој поглед, како физички, така и психички. Се стекнуваат работни навики, дисциплина, одговорност, правилно развивање на телото, активација на сите мускули, социјализација, креативност, самодоверба, ритмика, елеганција...
Во ново отвореното студио "Арабеск " кое е лоцирано кај ОУ Песталоци и градинката 13 Ноември, вашето дете ќе добие професионална балетска едукација како за класичен балет така и за модерен.
Покрај професионалните дипломрани балетски педагози и балерини, Марија Крстевска и Александра Кочовска-Начева. Вашите деца ќе имаат специјална прилика да работат како онлајн така и во живо кога ќе се одржуваат летни семинари, со нашата најпрестижна балерина солистка во Перм Опера и Балет и единствената балерина која дипломираше во Болшој Балетската Академија во Москва, Стефанија Гаштарска.