Како до брзо варење во брзиот ритам на секојдневието?
- Детали
- петок, 28 октомври 2022
Постојаното брзање секаде и големиот број обврски кон домот, работата и семејството, оставаат трага на нашиот организам, на телото и здравјето. Во целата таа брканица со време и исполнување разни задачи, скоро воопшто не посветуваме време на себе и тоа како се чувствуваме. Таквата негрижа се одразува најмногу на здравјето и по извесно време ваквиот начин на живот ќе предизвика тегоби што најпрво се манифестираат со замор, недостаток на енергија и лошо расположение.
Овие промени се предизвикани од нездрава и лоша исхрана и прво се рефлектираат врз дигестивниот систем. Затоа правилната и балансирана исхрана е можеби најважниот чекор што треба да го направиме за менување на лошите навики и за подобрување на здравјето. Многу луѓе јадат нередовно и набрзина. Храната што ја консумираме често е брза, индустриски преработена, но и полна со нездрави масти, шеќер, сол и разни адитиви. Поради сето ова, дигестивниот систем е преоптоварен и често работи бавно. Сето тоа е придружено со силно чувство на надуеност, непријатност, тежина и притисок во цревата. Кај некои луѓе поради забавување на метаболизмот може да дојде и до таложење на килограми.
Правилната исхрана е еден од основните начини за да се регулира варењето. Храната за добро варење е богата со растителни влакна, како и со витамини, минерали и добри бактерии, кои можат да влијаат на цревната микрофлора, а со тоа и на основните функции на дигестивниот систем. Кога станува збор за доброто варење на храната, постои уште една здрава навика што треба да се применува и благотворно делува на целиот организам - повеќе консумирање пробиотици и добри бактерии за квалитетно варење.
Здравите навики во исхраната можат значително да го подобрат вашето здравје. Но, колку што е важно што јадеме, исто толку е важен и начинот на кој јадеме. Луѓето кои јадат брзо се склони кон прејадување и имаат поголем процент телесни масти од оние кои јадат побавно. Со оброците кои траат подолго, успевате да купите време и да се чувствувате сити, а престанувате да јадете кога телото повеќе нема потреба од тоа.
Со воведување здрави животни навики и храна која нема да го преоптоварува вашиот стомак, можете да го регулирате вашето варење. Една од навиките што треба да ја прифатите е да започнете со редовно консумирање на функционалниот јогурт Баланс+, кој е важен сојузник на доброто варење. Баланс+ јогуртот ги содржи пробиотските култури LA5 и BB12, како и инулин влакна, кои дополнително го поддржуваат создавањето на добри бактерии во цревата. По само 10 дена редовно консумирање на овој јогурт, промените во варењето на храната ќе бидат видливи.
Пробиотиците се најдоброто нешто што можете да го направите за вашата цревна микрофлора, која е, исто така важна за апсорпцијата на хранливи материи, за метаболизмот, линијата и целокупното здравје.