Италијанска модна приказна и во Скопје

MAX&Co. една од најпознатите италијански модни марки ја претстави и во Скопје својата најнова колекција есен/зима 2022 именувана Pony ride capsule collection. Изложбата беше придружена со пригоден коктел и одлична дружба.

italijanska-modna-prikazna-i-vo-skopje-01.jpg

Сакајќи да го задржи духот на заедништвото кој го покажува во секоја од своите колекции, MAX&Co. овој пат му ја предава модната палка на познатиот дизајнер Efisio Rocco Marras. Во неговите креации се наоѓа богатство од принтови, бои и уметнички дизајни, но кога се работи за инспирацијата за оваа колекција, Efisio Rocco Marras ја искористил својата пасија кон јавањето коњи. Токму тоа го зема како појдовна точка при развивањето на најновиот моден израз, но и при нејзиното именување во Pony ride capsule collection.

italijanska-modna-prikazna-i-vo-skopje-02.jpg

Во оваа колекција, природно, доминира земјената палета и традиционалните карирани ткаенини во кои се вметнуваат изненадувачки детали во зелена боја. Фустаните и јакните со елеци си играат со конвенционалната машка и женска гардероба дефинирајќи го на тој начин слободниот дух.

italijanska-modna-prikazna-i-vo-skopje-03.jpg

Pony ride capsule collection заедно најактуелните модели од целокупната колекција есен/зима 2022 е веќе достапна во салонот на MAX&Co. кој се наоѓа на првиот кат во Skopje City Мall. Посетете нѐ и откријте ја уникатната магија на Pony ride. 

italijanska-modna-prikazna-i-vo-skopje-04.jpg

italijanska-modna-prikazna-i-vo-skopje-05.jpg

italijanska-modna-prikazna-i-vo-skopje-06.jpg

italijanska-modna-prikazna-i-vo-skopje-07.jpg

italijanska-modna-prikazna-i-vo-skopje-08.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg