Време е за Dr.Martens – чизмите кои се секогаш во тренд
- Детали
- вторник, 25 октомври 2022
Вистинските љубители на Dr.Martens не ги соблекуваат дури ни за време на летните месеци, но, сепак, за повеќето сезоната на Мартинките почнува во есен.
Dr.Martens, односно Мартинките се еден од најголемите феномени во историјата на модата и животниот стил. За нив се знае веројатно многу повеќе отколку за било кое модно парче. Едноставно, Мартинките не се тренд, туку се култ кој започна со статус на работнички чевли, а стаса дури до модните писти.
Без разлика дали ќе се одлучите за некој од покласичните или посмелите модели, Dr.Martens совршено ќе се вклопат со сите ваши есенски модни комбинации. Од секојдневни пригоди, деловни средби па сè до свечени настани – Мартинките се непогрешлив избор каде и да се појавите.
За среќа овој бренд со години е достапен и кај нас, во продавниците на Артурс во секоја сезона можете да најдете голем избор чевли, чизми и сандали.
Освен класичните модели 1460 и 1461, кои се must-have за секој вистински љубител на Dr.Martens, исто така моделот на платформа Dr.Martens Jadon се чини дека полека но сигурно станува новата класика. Без разлика на пол, возраст и стил, модлите JADON ги освојуваат симпатиите на сите.
Она што е заедничко за сите Мартинки, освен карактеристичната силуета е и беспрекорниот квалитет на изработка, што прави да изгледаат перфектно од секој агол.
Сите модели на Dr.Martens се достапни во продавниците на Arthur’s во ГТЦ, East Gate, City Mall и ТЦ.Беверли.