Жени - доставувачи: Зошто не сакам да работам од „8 до 4“ и како најдов начин да заработам повеќе?
- Детали
- четврток, 20 октомври 2022
Ако денес Ви треба дневна доза добри вести и силни жени, подгответе се да „симнете капа“ на оваа приказна за жени-доставувачи.
И додека некои се жалат за затворените врати, други откриваат како да отворат нови - и тоа со храна во раце.
Трендот на жени – доставувачи сериозно расте, најчесто од потребата за флексибилни работни услови и часови, поголема заработувачка, но и отсуството на шеф над глава.
„Работам веќе 4 години, наскоро ќе полнам 5 години како една од првите жени-доставувачи во Кликнијади,“ започнува приказната на Симона.
„Ова ми е хонорарна, втора работа која ми помага како плата плус во домашниот буџет. Сите работиме за пари, а во КликниЈади точно можам да си ги контролирам заработките. Ако месецов ми треба денар плус – ќе работам некој час плус и тоа е тоа.“
На прашањето дали и колку луѓето се зачудени кога на вратата ќе се појави жена брендирана во Кликнијади, Симона искрено ни раскажа:
„Добивам исклучителна почит, бидејќи нели во нашето општество и балканско размислување понормално е жената да биде во канцеларија или некоја фабрика, отколку на мотор. И да, тоа е најчестото прашање кое го добивам: Зарем со мотор си? Секако, не забораваат и да остават бакшиш во знак на пофалба и благодарност.“
Предноста вели дека ја гледа во тоа што сама може да си го организира работното време и точно да знае колку ќе заработи тој ден, тој месец, што не е пример во повеќето фирми.
„Во просек, возам по половина работно време, околку 4 часа дневно. За тоа време разнесувам од 6 до 10 оброци, зависно од гужвата, а дневницата ми се движи околу 1.300 денари. Грубо, со покриени трошоци за бензин, хонорарната работа ми го полни буџетот за дополнителни, чисти 400-450 евра месечно, а некогаш и повеќе.“
Сепак, признава дека како жена-доставувач немала да успее без помош од колегите.
„Имам многу колеги кои ми помогнаа уште на почетокот, за полесно да се снајдам и да останам во КликниЈади. Целиот тим ми беше на располагање за да успеам и затоа откажувањето не е опција.“
Приказната на Моника, како мајка на две близначки, започнува со флексибилноста на работното време и условите кои ѝ се допаѓаат од прво слушање.
„Во мојот случај пресудно беше флексибилното работно време, бидејќи нема кој да ги чува близначките. И сметам дека тоа е проблемот на секоја тазе мајка, но за среќа мене решението ми беше КликниЈади. Само што ги слушнав условите, се вратив дома и на сопругот му кажав: Почнувам од утре!“
Согласна е на темата дека луѓето се и повеќе од изненадени кога ќе наидат на жена – доставувач, но и се многу попријателски настроени.
„Се сеќавам дека имаше блокирани улици низ Скопје, па се јавив на клиентот. Човекот беше љубезен, а кога сфати дека јас сум доставувачот, ме пречека со: Браво, продолжи да рушиш предрасуди! И добар бакшиш, секако.“
Како тазе мајка која се борела да избалансира меѓу грижата и заработувачката, Моника нескромно раскажува дека парите се одлични.
„Работата ми е претежно во втора смена, затоа што така ми одговара во семејниот распоред. Работам по 5 часа дневно, вклучувајќи ги и викендите, во просек по 10 нарачки, а некогаш и повеќе.
Ако дневницата ми е околу 1800 денари, направете ја математиката. Не знам што повеќе би побарала од тоа да работам кога мене ми одговара и да сум одлично платена за истото.“
Изминативе неколку години работните и секојдневни навики дефинитивно се променија, па сакаме да кажеме едно големо БРАВО до сите кои најдоа начин успешно да се прилагодат на промените.
КликниЈади ќе продолжи да нуди флексибилна работна средина и одлична заработувачка во која секој ќе си го најде својот распоред и своето место.
Ги охрабруваме сите да ги срушат стереотипите и предрасудите, за да имаме повеќе заеднички, успешни приказни за раскажување.