Иуте Кредит донираше сензорна соба во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Нови можности за подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој, со новата сензорна соба во ООУ „Гоце Делечев“ во Прилеп, прва во градот во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.

iute-kredit-donirashe-senzorna-soba-vo-oou-goce-delchev-vo-prilep-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-01.jpg

Стручната служба и наставниот кадар во ова катче ќе може да работат со децата и да ги насочуваат кон задачите и полесно да го одржуваат нивното внимание, да изведуваат координирани моторни активности, самостојно да планираат и реализираат нови задачи, како и да развиваат социјални релации. 

Iute Credit како општествено одговорна компанија по трет пат се приклучува кон иницијативата за подобрување на капацитетите училиштата вклучени во проектот и ја поддржа реализацијата на оваа сензорната соба.

iute-kredit-donirashe-senzorna-soba-vo-oou-goce-delchev-vo-prilep-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-02.jpg

„И овој пат сме среќни што имаме можност заедно со фондацијата „Чекор по Чекор” да бидеме дел од изградбата на сензорна соба која со сигурност ќе им помогне на учениците кои имаат потреба од неа да напредуваат и полесно да ги совладаат наставните материјали. Секоја инвестиција во ваков тип на проекти ја гледаме како инвестиција во едно поздраво и понапредно општество каде децата и младите имаат еднакви шанси за развој, квалитетно образование и поубава иднина“ – рече Јасмина Апостолоска од Iute Credit.

iute-kredit-donirashe-senzorna-soba-vo-oou-goce-delchev-vo-prilep-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-03.jpg

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ истакна дека сензорните соби претставуваат инструмент за подобро учење и развој на учениците со попреченост, а со тоа сме и поблиску до квалитетно образование за секое дете.

„Оваа е 17 сензорна соба реализирана како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Тие се опремени со елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со хиперактивно однесување, ученици од аутистичниот спектар, деца кои имаа проблеми со моториката и сл. Изборот на опремата и елементите во опремувањето на секоја сензорна соба, го правиме низ консултативен процес со специјалните едукатори, педагозите, психолозите и наставниците во училиштата со цел тоа што ќе се набави да одговара на нивните потреби, за да можат тие максимално да ги исползуваат во нивната работа.“ – изјави Џајковска.

iute-kredit-donirashe-senzorna-soba-vo-oou-goce-delchev-vo-prilep-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-04.jpg

Сензорната соба е спроведена како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, и е пример за суштинско вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во државата. Подготовката и крајниот резултат од оваа активност може да ги погледнете на следниот линк.

Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

iute-kredit-donirashe-senzorna-soba-vo-oou-goce-delchev-vo-prilep-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-05.jpg

iute-kredit-donirashe-senzorna-soba-vo-oou-goce-delchev-vo-prilep-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-06.jpg

iute-kredit-donirashe-senzorna-soba-vo-oou-goce-delchev-vo-prilep-vo-ramki-na-proektot-bidi-in-bidi-inkluziven-bidi-inkludiran-07.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg