Најчеста грешка при перење алишта: Не преполнувајте со прашок

najchesta-greshka-pri-perenje-alishta-ne-prepolnuvajte-so-prashok-01.jpgGorenje машини за перење со 10 години гаранција на моторот

Без разлика колку е валкана, замирисана и/или извалкана вашата облека или некои други предмети, истурањето голема количина детергент во машината за перење воопшто не е добар избор. Напротив, честопати тоа негативно се одразува.

Користењето премногу детергент, всушност, може да создаде повеќе проблеми. Некои од најчестите се дамки или остатоци на облеката, чудни мириси во машината за перење и влажна облека, бидејќи вишокот детергент предизвикува полнежот од алишта што се пере, да не се исцеди правилно. И ова се само проблемите поврзани со алиштата.

Нежно убивање

Преполнувањето со детергент, исто така, го скратува животниот век на машината за перење бидејќи предизвикува зголемено абење на пумпата и на моторот на машината за перење. Пената дејствува како сопирачка за барабанот, бара повеќе енергија при перењето на облеката. Можете да забележите дополнителен напор кај машината за перење кога таа автоматски додава дополнителни плакнења и паузи за да го разложи вишокот на талог. На овој начин, машината за перење не само што троши дополнителна електрична енергија туку и ќе се расипе предвреме.

Земајќи ги предвид бактериите

Чистите алишта веќе имаат многу бактерии, но се чини дека преполнувањето со прашок само ги влошува работите. Многу детергенти имаат ензими кои ги разложуваат протеинските дамки за да им олеснат на средствата за чистење во отстранувањето. Но, присуството на премногу ензими во машината за перење алишта, ќе доведе до повеќе остатоци каде што може да се формираат бактерии и тие да се размножуваат – лошите мириси кои излегуваат од вашата машина за перење е знак на нивно присуство во неа.

Со помалку детергент можете да перете алишта колку што е можно поекономично и еколошки.

Многу пати и перење на пониска температура ќе заврши работа

Кога алиштата не се многу валкани, можете да ја намалите температурата на 30˚C наместо да перете на 40˚C или на 60˚C наместо на 90˚C. На овој начин можете да заштедите дури 40% од енергијата, што резултира со помала сметка за електрична енергија.

Изберете ја вистинската машина за перење за вашите потреби

Gorenje машините за перење алишта се дизајнирани според стандардите на најнапредната технологија за перење.

Програмите воGorenje машините за перење се направени да ги рехидрираат влакната, правејќи ја облеката помека и помалку гужвана. Тие имаат и инвертер PowerDrive мотор кој е создаден со цел да овозможи долговечност на вашата машина за перење, притоа заштедувајќи електрична енергија при секое перење. Со програмата AllergySteam, можете да го заштитите вашето семејство од алергии со користење на висок интензитет на пареа. ExtraHygiene функцијата помага во борбата против штетните честички и отстранува до 99,9% од бактериите и грините, осигурувајќи се дека вашата облека не е оштетена во тој процес. Додека пак функцијата за брзо перење (FastWashing) ви дава можност да го скратите времето на секоја програма, вклучително и предперење и дополнителна вода.

Gorenje машините за перење покрај одличните цени и целосната и бесплатна 5 годишна гаранција, имаат 10 години гаранција на инвертер моторот. Благодарение на сите овие и многу други карактеристики, можете слободно да се препуштите на работите што најмногу ги сакате. Оставете им го перењето алишта на Gorenje машините со инвертер PowerDrive мотор, кои се дизајнирани да ја вршат работата на ефективен, лесен и еколошки начин, а сето тоа со подолг век на траење на апаратот!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg