Известување од Макпетрол АД за производството на топлинска енергија и загревање на објектите во Скопје

izvestuvanje-od-makpetrol-ad-za-proizvodstvoto-na-toplinska-energija-i-zagrevanje-na-objektite-vo-skopje-01.jpg

Скопје, 18 октомври 2022: Од причина што грејната сезона започна на 15-ти октомври, сè поизвесно е прашањето за производство на топлинска енергија и загревање на објектите во градот Скопје, за месец ноември. Макпетрол АД ја известува пошироката јавност дека минатата недела, на 12-ти октомври достави Понуда до АД ЕСМ за количините потребни за топланите Исток и Запад за месец ноември.

Крајниот рок за прифаќање на понудата од страна на АД ЕСМ измина на 17-ти овој месец, за што дотогаш компанијата Макпетрол АД мораше да ги најави и плати потребните количини кај својот добавувач.

АД ЕСМ до вчера не ги потврди потребните количини, поради што Макпетрол АД ги најави останатите количини за своите потрошувачи без количините потребни за производство на топлинска енергија за топланите Исток и Запад.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg