Дали за силен имунитет ни се потребни функционални производи?
- Детали
- вторник, 18 октомври 2022
За создавање силен имунитет е потребно континуирано да се внесуваат состојки кои учествуваат или го поттикнуваат зајакнувањето на имунитетот. Храната е извор на сè што внесуваме во организмот и затоа од исхраната зависат и многу од процесите во организмот, а пред сè имунитетот.
Патот кон здрав организам со силен имунитет започнува со внесување разновидна исхрана но истовремено богата со хранливи состојки, макронутриенти, кои се составени од јаглехидрати, протеини и масти, витамини и минерали. Според нутриционистите за оптимално здравје важно е да се консумираат здрави масти, квалитетни протеини, доволно пробиотска и пребиотска храна.
Поради ваквото, позитивно влијание што некои видови храна го имаат врз здравјето, тие се наречени функционална храна или функционални производи. А токму таква е функцијата на пробиотските производи кои имаат директно влијание врз целокупното здравје.
Од присуството на „добрите бактерии“ во цревата зависи зајакнувањето на организмот. Затоа тие се уште наречени и чувари на здравјето и е потребно да се поттикне нивната функција и бројност а тоа се постигнува со внесување пробиотска и пребиотска храна. Пробиотиците ги прават овие бактерии посилни и побројни, а со тоа се зголемува и нивната функција, додека пак пребиотиците се храна за овие пробиотици со што се поттикнува нивното дејство врз добрите бактерии и воопшто во цревната флора.
Пробиотскиот јогурт е најзначајната функционална храна којашто содржи активни култури и има директно влијание во подобрување и зајакнување на гастроинтестиналниот систем.
И како идеален производ којшто е достапен за секојдневна употреба и истовремено за јакнење на имунитетот е Баланс+ јогуртот. Овој јогурт е одлична пробиотска храна која освен активните јогуртни култури LA-5 и BB12 и пребиотикот олигофруктоза како храна за пробиотиците, содржи и калциум кој придонесува за нормално функционирање на цревата. Со редовно консумирање по 500 грама дневно од јогуртот Баланс+ за 10 дена може да се регулира варењето и да се превенира појава на лоши бактерии во дигестивниот систем.
Затоа, вклучување на ферментирани млечни производи во секојдневното мени е клучот за добар дигестивен тракт од кој зависи и целокупното здравје. Иако храната не е лек, сепак одредени храни, како што е функционалната, може да бидат директен фактор и да влијаат позитивно кон подобрување на имунитетот и решавање на одредени здравствени проблеми.