Збогум на осаменоста со супер-новитетот во Македонија – Soulmate party

За првпат во Македонија доаѓа концептот кој ќе стави крај на етапата во која многу луѓе се singl, се работи концепт во кој реални луѓе со реална енергија, лик, глас и стас ќе комуницираат меѓу себе и ќе шират добра, ведра енергија, возбуда и љубов.

zbogum-na-osamenosta-so-super-novitetot-vo-makedonija-soulmate-party-01.jpg

Време е уште еден новитет да биде промовиран во Скопје, а се вика Soulmate Party, забава за дружење, добра енергија и ширење љубов. Дa се спротиставиме на отуѓеноста предизвикана од темпото на живот и дигиталното доба. Тука на сцена стапувате вие - време е за акција!

Public Room од Скопје како еден од поголемите културни простори во кој се одржуваат разни културни, научни, едукативни, забавни, научни, промотивни и слични настани од годинава има чест да биде домаќин на овој супер-новитет во Македонија.

Машки и женски, сингл, дубл или екипно сте добредојдени на супер дружење кое има две цели: на едно место да ги спои убавите луѓе кои сакаат да се најдат и сите пријателски расположени кои сакаат да делат убава енергија со добра музика и муабет.

Кратко кажано, сo нашите Soulmate Party се обидуваме да донесеме повеќе среќа, насмевки и љубов помеѓу скопјани и сите кои се доживуваат или оживуваат како такви , се обраќамe на лица кои се сингл и кои би сакале да запознаат сродна душа - soul mate.

Дојдете и проверете. Soulmate Party во Public Room, секој четврток, 21:30.

Повеќе инфо на fb / Public room soulmate party

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg