Македонскиот бренд Смарагд1969 додели рачно изработени манжетни на светската музичка атракција IL DIVO
- Детали
- понеделник, 17 октомври 2022
Изминатиот викенд градот за прв пат беше домаќин на светската музичка атракција, IL Divo и нивната „Greatest Hits“ турнеја како специјален трибјут за рано заминатиот член на групата, за време на короната – Карлос Марин.
Воодушевувањето од страна на публиката лесно можеше да се забележи, како и атмосферата креирана на сцената од страна на четворицата момци.
Во име на совршената организација и можноста да се поддржи една ваква магична вечер и да се слушнат нивните вокали, македонскиот златарски бренд, „Смарагд1969“ додели рачно изработени манжетни од нивната работилница која постои повеќе од 50 години на територијата на нашата земја.
Романтичната и „смарагдна“ атмосфера, од страна на брендот, дополнително беше збогатена со бели рози доделени само на понежниот пол со пораката: „За важните моменти во животот“.
И нема да е комплетна целата приказна доколку брендот „Смарагд1969“ не е повторно поврзан со претставување на уникатните дијамнатски колекции кои ги нуди во своите продажни салони.
„Овој пат за претставување на новиот асортиман, креиравме уникатна видео приказна „Моќта на љубовта“, која ги опишува најдлабоките емоции на човековото битие што ги создава телото како: чувства, емоции, плод, создавање, поврзување, енергија. Би сакале тоа што го нуди нашиот бренд, секогаш да е поврзано со убави моменти од животот- оттаму ни дојде и идеја за креирање на видеото, па токму затоа и премиерно го објавивме на концертот на групата „IL Divo““ – споделува Рилинд Хоџа.
За секое парче накит, брендот нуди гаранција за каратажа на златото, како и сертификат од берзата на дијаманти во Антверп, Белгија. Станува збор за сертификат што е меѓународен и во него се внесени сите спецификации во однос на каратажата на златото, грамажата, каратажата на брилијантот, бојата и чистината.
Продавниците на Смарагд 1969 денес може да ги посетите во ГТЦ на први кат, Ист Гејт Мол на приземје и во Старата скопска чаршија.
Во подолжение, погледнете го премиерно видеото и препуштете се на најубавите моменти во животот.