Трендови низ светот кај млечните производи: Дали количината на млечна маст влијае на квалитетот на млекото?
- Детали
- петок, 14 октомври 2022
Млекото е важен дел од нашата исхрана. Почнуваме да го пиеме уште како деца, а потоа го консумираме и како возрасни.
Некои луѓе го избегнуваат млекото бидејќи се плашат дека е премногу масно за нивната здрава исхрана, други мислат дека веќе се доволно стари за да пијат напивка што ја пиеле како деца, додека пак некои сметаат дека повеќе немаат здравствени придобивки од него. Сепак, научниците и експертите откриваат дека никогаш не сме престари за да уживаме во придобивките од пиењето млеко, особено свежо млеко, кое е вистински тренд во светот.
Зошто пиеме млеко?
Општо е познато дека млекото нè снабдува со протеини со целосна биолошка вредност. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциумот што ни е потребен, како и голем број други важни витамини и минерали. Млечниот протеин ги содржи сите потребни аминокиселини кои не може да се создадат во организмот, туку се внесуваат заедно со храната, а во процесите на организмот се користат речиси целосно, од 95 до 98%. Затоа се неопходни за раст, развој и регенерација на ткивата. Исто така, маснотијата од млекото односно путерот е најлесно сварлива од сите други масти.
Свежото млеко, кое за разлика од порано, повеќе нема потреба да го вариме, има голем број хранливи материи и е одличен извор на витамини и протеини, а секако, тука се и големите здравствени бенефити за луѓето, како еластична и здрава кожа, здрави коски и заби, цврсти мускули, намален стрес и поздраво тело и организам.
Дали количината на млечна маст влијае на квалитетот на млекото?
Количината на млечна маст влијае врз бројот на калории и масти во млекото, а сите типови млеко, независно дали се со ниска или висока масленост, се природно богати со хранливи материи и се категоризираат во здрава исхрана. Всушност, секое кравјо млеко ги содржи истите есенцијални хранливи вредности, вклучувајќи калциум, витамин Д, калиум, витамин Б-12 и витамин А, а сите млечни производи природно содржат и млечни протеини што помагаат во градењето цврста мускулна маса.
Процентот на млечна маст всушност се однесува на количината на масти во млекото, според неговата тежина. На пример, доколку млекото е со 3,5% млечна маст, тоа значи дека вкупно 3,5 проценти од содржината на млекото се масти. Оваа содржина масти, особено на кравјо млеко, се модифицира со цел да се направат различни производи.
Некои мислат дека млекото се разредува со вода, но тоа апсолутно нe e тoчнo. Всушност, се работи за процес во производството кога сите маснотии од млекото се отстpaнуваат, а потоа се додаваат во млекото во различни проценти. Овај процес обезбедува да имаме млеко со различна маслесност, а остатокот на масти да се искористи во креирање на други млечни производи како што се павлаката и путерот.