Намалете ги сметките оваа зима со Hisense
- Детали
- четврток, 13 октомври 2022
Зимата полека се приближува. И, иако постојат различни опции за греење на домот, не заборавајте дека клима уредот е дефинитивно една од нив. Проверете зошто Hisense клима уредот е одлична опција во зима.
Заштедува енергија и пари
Инвертер клима уредите ја пренесуваат топлинската енергија од околниот воздух и ја ослободуваат на повисоко енергетско ниво. Затоа, би можело да се каже дека со 1 kW потрошена електрична енергија, се добива околу 4.8 kW топлинска енергија со одредени Hisense модели. Токму тоа ги прави Hisense инвертер клима уредите еден од најекономичните системи за греење.
Брзи резултати и греење при ниски температури
Клима уредот започнува да ги загрева просториите за само неколку минути откако ќе го вклучите, додека на радијаторите може да им треба повеќе време да се загреат. Покрај тоа, клима уредот ви овозможува греење кога ви е потребно. Значи, ако живеете во станбена зграда, не мора да ја чекате грејната сезона, туку едноставно можете да го вклучите климатизерот и температурата во вашиот стан ќе биде пријатна и топла. Со Hisense клима уредите се овозможува топлина при надворешна температура до -20℃ благодарение на технологијата за претходно загревање со помош на грејач во надворешната единица. Клима уредот може нормално да загрева дури и кога надворешната температура е -20°C.
Прецизна контрола на температурата
Генерално се препорачува да се одржува внатрешната температура помеѓу 18°C и 20°C. Во спалната соба, сепак, препорачаната температура за квалитетно спиење е околу 18°C (плус или минус неколку степени). Клима уредот ви помага да ја поставите точната температура и да ја одржувате според вашите потреби. Клима уредот Hisense има одлична функција, која ви овозможува да ја сетирате не само температурата, туку и тајмерот, па така уредот се вклучува и исклучува според подесените параметри во тајмерот. За попрецизно достигнување и одржување на поставената температура, а со тоа и заштеда на електрична енергија и време, заслужен е инвертер моторот. Hisense инвертер клима уредите со својата 3Д инвертер технологија и со внатрешниот канал за воздух и напредни ребра, ја поттикнува енергетската ефикасност и ја намалува потрошувачката на електрична енергија за дури 30%, па дури и 70% во споредба со заштедата кај стандардните климатизери.
Заштита од влага
Во зима, многу домаќинства се соочуваат со влага која се манифетира како мали капки што се собираат на прозорците. Влагата може да предизвика поголемо ниво на грини и мувла, што може да создаде здравствени проблеми кај луѓето кои страдаат од алергии во затворени простории и астма. Клима уредот ја намалува влагата и затоа ви помага да го одржувате вашиот дом и здравје во подобра состојба. Hisense клима уредите дури ви овозможуваат да ја контролирате не само температурата, туку и влажноста, насоката на проток на воздух и волуменот на воздух. Исто така , Hisense клима уредот ќе ви помогне да го одржувате вашиот дом во најдобра состојба дури и кога сте далеку од дома, со помош на посебен режим на греење. Оваа програма ја одржува температурата на 8°C и го штити вашиот дом од каква било штета што може да биде предизвикана од студ додека ве нема подолго време.
Контрола од каде било
Понатаму, овој клима-уред има опција за контрола на температурата во домот или канцеларија и кога ста надвор од нив, со помош на вашиот мобилен телефон поврзан на Wi-Fi мрежа.
Доколку размислувате да одберете клима уред кои ќе одговара на сите ваши потреби, Hisense ги има вистинските модели за вас. Hisense ви овозможува долговечност, сигурност и иновација, која ја гарантира со својата 3 годишна целосна и бесплатна гаранција, а сега и со 5 години гаранција на компресорот. За дополнителна гаранција можат да се регистрираат сите Hisense инвертер клима уреди купени од 15.09.2022 година до 31.12.2022 година. Регистрацијата е на mk.hisense.com најдоцна до 30 дена од денот на купување на клима уредот. Повеќе информации за Hisense и за клима уредите погледнете тука.