Подарок радосници во повеќе родилишта во државата

Традиционално, Халкбанк, преку својата платформа Халки и овој октомври реализира активност со која ја слави најчистата форма на љубов, љубовта на родителот кон своето дете. Секој момент со најмалите е скапоцен, а оваа година Банката се погрижи сите посебни мигови, датуми и искуства поврзани со најновиот член на семејството, да останат засекогаш запаметени преку Халки радосници.

podarok-radosnici-vo-povekje-rodilishta-vo-drzhavata-01.jpg

Радосниците почнувајќи од овој месец, на македонски и албански јазик, ќе се делат во родилиштата - Клиника за гинекологија и акушерство, Гинеколошко акушерска болница - Чаир, Прва приватна општа болница - Ремедика во Скопје, како и во One Hospital, Првата приватна болница во Тетово.

podarok-radosnici-vo-povekje-rodilishta-vo-drzhavata-02.jpg

На мајките кои што ќе го донесат на свет своето малечко во некоја од овие родилишта, радосниците со уникатна содржина и илустрации, наменски креирани за да ги овековечат сите први нешта од првата година на детето, ќе им ги разбудат најубавите емоции, кога и да погледнат во книгата вредна богатство. За децата за чие раѓање се наменети пак, ќе бидат можност секогаш кога ќе посакаат да се навратат на најраните денови од својот живот.

podarok-radosnici-vo-povekje-rodilishta-vo-drzhavata-03.jpg

Секој октомври – месецот на штедењето, Халкбанк реализира и кампања за Детско штедење како најсигурен начин родителите да обезбедат за своите најсакани посигурна иднина и поквалитетен живот. Токму затоа и годинава преку детскиот штеден производ Халки се овозможува штедење со екстра поволни услови за детско штедење – минимален износ на вложување од 1.000 денари и атрактивна каматна стапка до 1.8%. За секој новоотворен штеден влог во рамките на детското штедење следуваат и дизајнирана детска штедна книшка како и подарок касичка за детето за кого е наменета книшката.

podarok-radosnici-vo-povekje-rodilishta-vo-drzhavata-04.jpg

Освен можноста за всадување навика за штедење кај најмладите уште од нивна најрана возраст, Детското штедење е паметна одлука која што треба да ја направи секој родител за своето дете како чекор кон обезбедување среќна и сигурна иднина.

podarok-radosnici-vo-povekje-rodilishta-vo-drzhavata-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg