Проектот Атлантик банка е еднa од најдобрите ХР практики во Aдриатик регионот
- Детали
- понеделник, 10 октомври 2022
На реномираната регионална конференција за човечки ресурси која веќе традиционално по 10-ти пат се одржува во Ровињ Хрватска, а која оваа година собра повеќе од 600 професионалци за човечки ресурси од регионот и светот, беа избрани најдобрите регионални практики од минатата година.
Во организација на специјализираниот портал MojPosao, жири од признати ХР професионалци, разгледуваа 49 различни ХР проекти, и истовремено земајќи го предвид и мислењето од публиката избраа најдобри три регионални практики за човечки ресурси.
Компанијата Webpower за својот оригинален проект четиридневна работна недела освои прво место, компанијата Belje за проектот Be Agri Future второ место, додека Атлантик група Македонија за проектот Атлантик банка го освои третото место.
„Атлантик Група веќе долги години работи на стратегија на задржување на вработените, применувајќи различни постулати во работење. Атлантик банка е проект кој има за цел поттикнување на лојалноста и наградување на најдобрите, преку имплементирање на долгорочни програми за нивно задржување. Преку оваа програма вработените имаат можност да станат акционери и да добијат дополнителна вредност за тоа што се дел од компанијата долги години. Истовремено вработените можат сами да одлучат како сакаат да добијат награда. Во кеш или акции. Да одберат кој износ од својата годишна награда ќе ја депонираат како одложена исплата, имајќи во предвид дека приносите се видно поголеми за заштеди во Атлантик банката поврзани со акции и на временски период од 3 години”, изјави Елизабета Мирчевска, Head of Total Rewards во Атлантик Група.
„Една од нашите клучни стратешки цели е да креираме агилна организација која ќе се фокусира на потребите на вработените, но истовремено ќе ги следи и деловните потреби за успешно работење. Преку овој проект, Алтантик Група ги препознава најдобрите помеѓу најдобрите, оние кои од година во година ја поместуваат скалата на успех, кои ги имаат вистинските вештини и знаења, кои секогаш се на вистинското место во вистинското време, а истовремено дополнително ги наградува за нивната лојалност. Повратните информации кои ги добивме од страна на бизнисот за оваа иницијатива се одлични, за што говори и фактот што во континуитет расте ангажираноста и задоволството помеѓу вработените.” изјави Елена Цанева, Бизнис партнер во Атлантик Група.
Атлантик Група почнувајќи од 2017-та го применува концептот фелсибилно работно време и работно место (можност за работа од дома) давајќи избор вработените сами да изберат од каде ќе работат. Воведе и можност за платен одмор до 6 месеци, т.н. RETENTION стратегија која донесе одлични резултати во задржување на вработените, високо ниво на задоволство и голема мотивираност, нешто посебно важно во тешките периоди на пандемиска криза.
Атлантик група верува дека задоволните и мотивирани вработени се вреден капитал и ресурс на компанијата, кои ќе допринесат за уште поуспешни резултати на компанијата.