BRAVIA XR MASTER Series A95K QD OLED TV – уникатна технологија која дава извонреден звук и неверојатно филмско искуство
- Детали
- среда, 12 октомври 2022
Sony, преку новиот BRAVIA XR MASTER Series A95K QD OLED надграден со когнитивен процесор XR и нов OLED панел, воведува нова и подобрена технологија која овозможува извонредно искуство за гледање. Генијалниот когнитивен процесор XR размислува паметно и нуди целосно доживување на многу возбудливо и уникатно искуство.
Револуционерниот процесор на Sony BRAVIA XR™ телевизорите ја прикажува содржината на начин кој овозможува неверојатно реално искуство; фокусот е изострен како кај човечкото око, има вкрстена анализа на слики за да даде длабочина на реалноста, извонреден контраст и прекрасни, живи бои.
Новиот OLED-екран (QD-OLED) прикажува најширока палета на доследни и живописни бои, природни тонови и нијанси што се пријатни за гледање, и реални текстури при сите нивоа на осветлување.
Телевизорот BRAVIA XR OLED A95K има и XR OLED Contrast Pro кој ја зголемува светлината на бои за 200% и го збогатува OLED панелот за да можете да уживате во вистински контраст со најсветлите бои и чиста црна боја.
Со XR HDR Remaster, телевизорот може да ги открие сите предмети на екранот, да ги анализира нивните бои и да го прилагоди контрастот за ги направи сликите уште пореални.
XR Super Resolution ги открива предметите во сликата и репродуцира практично реални текстури на екранот. Процесорот BRAVIA XR прецизно ги анализира и обработува податоците за да создаде 4K-слики со четири пати поголема резолуција од Full HD за да ги збогати сцените со реални детали и текстури.
XR OLED Motion и когнитивниот процесот XR™ спречуваат заматување, преку откривање и вкрстена анализа на важни визуелни елементи од последователните слики.
Звукот излегува директно од екранот со Acoustic Surface Audio+™. Големите механизми за придвижување вибрираат и го претвораат целиот екран во звучник за да создадат моќна акустика што се движи заедно со сликата, за да слушате пореални звуци со јасен и природен дијалог.
Блесокот и рефлексијата го отежнуваат јасното гледање на сликите, особено во темни сцени каде длабочината и деталите често се сокриени. Со екстремно ниска рефлексија на надворешното светло, A95K OLED панелот го намалува овој ефект за неверојатна осветленост, боја и контраст во речиси сите услови на осветлување, а при тоа боите остануваат конзистентни и вистински во сите агли на гледање.
Уживајте во Вашиот нов BRAVIA XR QD OLED A95К Google телевизор, влезете во сцената и доживејте го најреалното искуство на филмовите досега.