Шпаркасе Банка: За важните нешта

Шпаркасе Банка продолжува да ги споделува важните нешта во животот и во кариерата на секој човек со читателите на Црнобело, а тука секако спаѓа и вредноста СТРАСТ. Страста нè води напред кон остварување на поставените цели, нè мотивира и нè поттикнува да веруваме во себе и секогаш да го даваме најдоброто за да ни се врати како мала победа по секој позитивно остварен резултат.

shparkase-banka-za-vazhnite-neshta-1-02.jpg

Денеска се запознаваме со амбасадорката на корпоративната вредност СТРАСТ.

Страста претставува силно чувство што нè води напред, голема наклоност кон некоја цел. Кога на работата ѝ се пристапува со страст, тоа подразбира работење со ентузијазам, посветеност и со позитивен пристап. По оваа корпоративна вредност се раководат вработените во Шпаркасе Банка, нив страста кон работата ги мотивира во секој момент да бидат најдобрата верзија од себе. На тој начин, Банката овозможува најдобро банкарско искуство за своите клиенти, како и можност за раст и за професионален развој на своите вработени што се раководат од страст во работата што ја сакаат и ги исполнува.

Во продолжение прочитајте зошто Билјана Вранишкоска е амбасадор на корпоративната вредност СТРАСТ и дознајте што е она што неа ја води во работата што ја работи со срце и целосно ја исполнува.

Кратко интро за вас:

Како регионален директор во Шпаркасе Банка одговорна сум за регионот Југозапад, кој покрива 4 града. Својата банкарска кариера имав чест да ја започнам во Охридска банка пред 14 години почнувајќи од позиција на референт за односи со клиенти, за понатаму со растењето на институцијата да сменам неколку позиции, кои ми овозможија да ги развивам своите потенцијали и да стигнам до позицијата на која сум денес.

На приватен план сум сопруга и мајка на две прекрасни деца, Бисера и Михаил, уживам во пливање, добра книга и во патувања со семејството.

Како би ја дефинирале страста?

Страста како корпоративна вредност е афирмирана во последните години и се однесува на односот што вработените го имаат кон работата. Страсната посветеност кон работата подразбира дека лицето ужива во таа дејност и дури чекор понатаму ја смета како голема животна вредност.

Позитивниот пристап кон работите, ентузијазмот, вербата во себе, посветеноста кон решенија и, најважно, желбата да се достигнат целите е директно поврзана со страста што секој ја носи во себе.

shparkase-banka-za-vazhnite-neshta-1-01.jpg

Како се справувате со стресните предизвици со кои се соочувате на работа?

Една добра изрека вели:

„Да се работи напорно работа што не ни е значајна се нарекува стрес.

Да се работи напорно работа што ја сакаме - се вика страст“, Simon Sinek.

Во моето секојдневно рабoтење, се трудам да имам позитивен пристап кон работите и предизвиците ги прифаќам како дел од работењето. Секако, мора да се има предвид дека јас сум дел од еден исклучително стручен тим, кој работи во синергија, така што заедно во предизвиците гледаме можност за растење а не препреки, па следствено и стресот е помал.

Како би се опишале себеси професионално, а како приватно?

Веројатно кодот што го носиме во себе не може баш да се раздели на приватно и на професионално. За себе можам да кажам дека сум исклучително одговорна и посветена личност и на приватно и на професионално ниво. Секогаш си поставувам високи цели и сум свој најголем критичар на патот на освојувањето.

Она на што постојано настојувам е одржување на балансот помеѓу приватното и професионалното, бидејќи без него сметам дека човек не може да се нарече успешен.

Што Вам Ви е важно кај тимот на кој му припаѓате?

Секој успех е последица на добра тимска работа и секоја индивидуална совршеност само следствено значи тимска совршеност.

Од голема важност за мене е меѓусебната доверба и поддршката во рамките на тимот. Бидејќи доколку ја има, постои слобода што дава можност за отворен поглед кон работите, несебично вложување, заедничка цел и, следствено, успех.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg