Хуманитарна акција од социјалната група ПЕПЕРУТКИ по повод националниот месец за свесност за рак на дојка

Октомври е национален месец за свесност за рак на дојка, кога јавните организации, медицинските професионалци, владините агенции и невладините организации работат на промовирање на свеста за оваа болест. Промовирање на свеста вклучува едукација за превенција и лекување, прибирање финансиски средства, правење напори во изнаоѓањето лекови, како и поддршка за преживеаните и оние кои се занимаваат директно со болеста.

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-01.jpg

Ракот на дојката е петтата најсмртоносна форма на рак во светот и на оваа 25-годишнина од националниот месец за свесноста за рак на дојка, организација која го започна истиот, сака да ги потсети жените насекаде во светот да практикуваат редовни самопрегледи на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамограми, се со цел заштита на нивното здравје.

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-02.jpg

Според National Cancer Institute, една од 14 жени со рак на дојка е под 40 годишна возраст кога се дијагностицира и една од осум жени дијагностицирани со рак на дојка е помлада од 45, кога е дијагностицирана.

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-03.jpg

По овој повод денес на одделението за онкологија и торакална хирургија група на жени – борци кои во изминатиот период но и до ден денес храбро се борат и водат битка со оваа болест, а истите се членки на социјалната група ПЕПЕРУТКИ организираа химанитарна акција во која делеа пернички специјално дизајнирани кои се од голема помош за опоравување по посоперативниот зафат. Доволно е да се смести под пазувите и дел од градата и да не заштитат од појасот додека патуваме. Удобни се и додека одмараме

Групата ПЕПЕРУТКИ изразува огромна благодарност до Директорот на онкологија Др. Никола Васев, Др. Мери Пешевски, Др. Даниела Поповски и Др. Илир Исмаили како за соработката така и за огромната посветеност во текот на лекувањето.

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-04.jpg

Оваа акција продолжува понатаму, зошто нашата борба не е само во месец Октомври нашата борба е преку цела година

Ги повикуваме сите хумани лиѓе кои сакаат да се вклучат во нашите идни акции слободно да ни се приклучат и да не контактират преку Фејсбук групата ПЕПЕРУТКИ.

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-05.jpg

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-06.jpg

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-07.jpg

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-08.jpg

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-09.jpg

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-10.jpg

humanitarna-akcija-od-socijalnata-grupa-peperutki-po-povod-nacionalniot-mesec-za-svesnost-za-rak-na-dojka-11.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg