Шпаркасе Банка: За важните нешта

Корпоративните вредности на една компанија ги претставуваат принципите, верувањата, ставовите и искуствата интегрирани во сите ткива на компанијата.

shparkase-banka-za-vazhnite-neshta-01.jpg

Тоа се вредности што ја отсликуваат деловната култура и приоритетите утврдени во мисијата на конкретната компанија.

Па, така, во Шпаркасе Банка се цени поединецот. Тоа важи за клиентите чии индивидуални потреби секојдневно се следат, но еднакво важи и за вработените што ја претставуваат самата Банка. Секој што работи во Шпаркасе Банка поради своите вештини, особености и став негува блиски, неретко идентични вредности како и Банката. Чесноста, креативноста, желбата за работа и позитивниот став придонесуваат за одржување на визијата почната уште пред 200 години: да се биде Банка што е прв избор на клиентите.

Мисијата на Шпаркасе Банка е да биде банка-партнер за своите клиенти и за вработените, па поради тоа својата работа ја заснова на следните пет корпоративни вредности: доверба, агилност, страст, извонредност и партнерство.

Во едиторијалот што следува, ќе ги запознаеме амбасадорите на петте корпоративни вредности и ќе дознаеме што е она што нив ги прави посебни, а можеме да го примениме и ние во нашето професионално окружување.

Довербата претставува сигурност, увереност во искреноста, чесноста, добронамерноста на некого или на нешто, во неговите способности и стручност. Токму ова ја дефинира корпоративната вредност на Шпаркасе – доверба, а во корпоративен контекст таа претставува верба во Банката, во тимот, како и во клиентите како клуч на успехот на Шпаркасе Банка. Во продолжение прочитајте зошто токму Даница Мешкова Левајковска е амбасадор на вредноста ДОВЕРБА и ни е чест што е дел од тимот на Шпаркасе Банка.

shparkase-banka-za-vazhnite-neshta-02.jpg

Кратко интро за вас:

Во маркетинг-индустријата сум од 2011 година. Првенствено работев во сектор за односи со јавност во реномирана маркетинг-агенција, додека банкарската кариера ја почнав пред 8 години како дел од тимот на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи во Банката.

Многу ме исполнува тоа што работам во еден од најкреативните оддели во Банката, па целосно уживам во реализацијата на сите креативни идеи што произлегуваат од нашиот оддел и иновативните комуникациски стратегии за зајакнување на нашиот бренд и претставувањето на продуктите и услугите на Банката, како и интензивната комуникација со колегите и со сите соработници.

Надвор од работните обврски, уживам во времето поминато со мојот сопруг и со синот Матеј. Сите имаме авантуристички дух, па обожаваме да патуваме заедно и да откриваме нови и невообичаени места во земјата и во странство. Уживам во дружењето со семејството и со пријателите, сакам убава и опуштена атмосфера, се трудам позитивно да размислувам, континуирано да се надградувам и да уживам во сите кратки мигови што го прават животот убав.

Како колегите ја заслужуваат Вашата доверба?

Верувам дека секоја врска во животот се темели на искреност и на доверба, без разлика дали е семејна, пријателска или професионална, и дека довербата е најважна за нејзиниот опстанок.

Моите колеги се вистински професионалци, но истовремено и тимски играчи, секогаш подготвени за заедничка соработка и за одлична комуникација. Јас, пак, се трудам да бидам автентична, да бидам она што навистина сум, да внесам доза свежа енергија и позитивен пристап во односите со сите нив, па би рекла дека секојдневно сме исправени пред нови предизвици што тимски ги решаваме, тимски се надополнуваме и се потпираме едни на други. Драго ми е што во мене гледаат колега што е полн со поддршка и разбирање.

shparkase-banka-za-vazhnite-neshta-03.jpg

Што е она што Ви е важно од тимот со кој работите?

Сметам дека токму довербата е еден од најсилните и најважни аспекти на тимската работа. Сите секојдневни проблеми и работни предизвици многу полесно се надминуваат кога постои доверба меѓу вработените во тимот, расположение за соработка и заедничко решавање на проблемите. Многу сум благодарна што имам токму такви колеги, особено колегите од мојата дирекција, на кои секогаш можам да се потпрам и со кои имам беспрекорна соработка.

Да се биде човек од доверба – тешко е или лесно?

Човек од доверба е личност што практикува искрена и транспарентна комуникација и личност што се стреми да гради безусловна доверба во односите со луѓето од нејзиното окружување. Што се однесува до мене, сметам дека по природа сум непосредна и дружељубива, па навистина уживам кога имам можност да им пружам разбирање и поддршка на колегите во различните ситуации што го исполнуваат нашето секојдневие и работните обврски во Банката. Па би рекла – да се биде човек од доверба, за мене е задача што некако природно ми доаѓа.

Што би ѝ препорачале на Даница за 10 години од сега?

Би ѝ порачала повеќе да ужива во секојдневието, во малите и ситни нешта што го прават животот убав. Да го зачува авантуристичкиот дух, да не се нервира за неважни работи, да ги негува односите со луѓето што вредат. Секогаш да биде опкружена со луѓе во кои има доверба, луѓе на кои може да им се обрати и кои можат да ѝ дадат искрени совети. Овие луѓе секогаш да бидат блиску до неа. И секако, пред сè, да верува во себе!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg