Што е хистероскопија и нејзините индикации со д-р Коста Василевски
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2022
Хистероскопија е минимално инвазивна краткотрајна хируршка процедура која овозможува испитување на внатрешноста на матката со цел да се дијагностицираат и третираат промените во внатрешноста на матката, како на пр. полипи, фиброиди и септум.
Се препорачува за жени кои лекуваат неплодност.
Индикации:
1. Откривање на причините за крварење
2. Откривање на причините за неплодност и последователни абортуси
3. Откривање и отстранување на промени на слузокожата на матката (полипи, фиброиди) како и отстранување на малигни промени.
Хистероскопијата може да биде дијагностичка или терапевтска.
Обично се изведува веднаш по менструалниот циклус.
Хистероскопијата е краткотрајна еднодневна интервенција и пациентот може да си оди дома по 3-4 часа. Закрепнувањето е брзо и кратко.
Најчесто се користи за отстранување на полипи, фиброиди, септум на матката или ендометријална биопсија.
Закажи термин за консултација со Др. Коста Василевски од One Hospital.