Скопје Сити Мол слави 10 години - Забава, концерти, попусти и шопинг за сите возрасти!
- Детали
- понеделник, 26 септември 2022
Со голема роденденска прослава и огромни попусти како што и доликува на најомилениот трговски центар во главниот град, Скопје Сити Мол го одбележува десетгодишниот јубилеј.
Со концерти и забава прилагодена на различни вкусови и возрасни групи, Скопје Сити Мол ќе ги прослави првите 10 години од своето постоење. Од огнено шоу, огромни маскоти, фотобут за супер фотки, детска програма до големи концерти овој викенд сите сме во Скопје Сити Мол.
Концертите се закажани за претстојниот викенд, а на нив ќе настапат познати домашни музички ѕвезди, групи, диџеи, уметници и таленти. Трите роденденски настани ќе се одржат на 30 септември, 1 и 2 октомври, на најгорното ниво од катната гаража во Скопје Сити Мол.
Тридневната роденденска забава започнува во петок (30.09) со настапи на повеќе познати диџеи од домашната клупска и радио сцена, како и со спектакуларен концертна диригентот Џијан Емин & The Magical Orchestra: Електро Симфонија.
Ѕвезда на втората роденденска вечер што ќе се одржи в сабота (01.10) ќе биде македонската поп-дива Каролина Гочева, а за загревање и продолжение на одличната забава ќе се погрижат домашни бендови и диџеи.
Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи в недела (02.10) е прилагодена првенствено за најмладите. Започнува со “Светот на Биби”, како и дружината од Фамилија 5+, а во музичкиот дел ќе настапат младите надежи од фестивалот Златно славејче.
„Скопје Сити Мол е првиот современ трговски центар во државата кој воведе сосема нов концепт што ги обединува шопингот, забавата и дружењето, нудејќи им содржини на сите возрасни групи, со различни вкусови и интереси. Затоа и за нас беше сосема природно првите десет години на Скопје Сити Мол да ги прославиме заедно со сите оние за кои постои овој трговски центар.” објаснува маркетинг менаџерот на Скопје Сити Мол, Дамјан Корубин.
Вратите за концертите за роденденската забава во првите два дена се отвораат во 20:00 часот, додека концертите започнуваат во 21 часот. На третиот ден ќе вратите се отвораат на пладне, а програмата започнува во 12:30 минути по пладне и ќе трае до 16 часот.
Целосната програма ќе може да ја видите на сајтот на Скопје Сити Мол.
Локацијата за одржување на сите концерти е кровот на Скопје Сити Мол, каде од безбедносни причини и за комфор на присутните, проектирано е да прими до 2500 посетители. Влезот на концертите е слободен. Откако капацитетот ќе се исполни, влезовите за концертите ќе бидат затворени, по што ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2500 луѓе.
- 10 години - најдоброто урбано место за шопинг, забава и дружење,
- 70 милиони посети,
- 500 настани,
- 170 закупци,
- Револуција во шопинг искуството на домашниот пазар
- 1500 вработени во трговскиот центар
- 36.700м2 простор за купување, дружење, уживање,
- Прва и единствена мобилна апликација за лојалност на молови MojCityMall
- Безброј филмски премиери
- Сѐ што сакам!