Сауна во сопствениот дом: за ослободување од стресот и намалување на болките во мускулите и зглобовите

Од сауната посебен бенефит имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес.

sauna-vo-sopstveniot-dom-za-osloboduvanje-od-stresot-i-namaluvanje-na-bolkite-vo-muskulite-i-zglobovite-01.jpg

Успешните луѓе со време ги планираат своите активности. Ги карактеризира организираност, концентарција но и амбиција да направат нешто повеќе за себе, и за најблиските. Но, истовремено знаат дека по напорната работа, им е потребен издувен вентил, или можност да се опуштат и релаксираат. За повеќето од нив Сауна во домот е вистинската инвестиција за да се има балансиран живот.

Свесни се дека и покрај тоа што повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз и место за уживање, за нив сауната со своите бројни позитивни ефекти врз здравјето е пред се потреба. Посебно во денешните динамични услови на живеење, на изложеност на стрес и притисоци. Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес.

sauna-vo-sopstveniot-dom-za-osloboduvanje-od-stresot-i-namaluvanje-na-bolkite-vo-muskulite-i-zglobovite-02.jpg

Во услови кога времето е најголемиот ресурс, не секогаш можеме да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, така што идеално би било кога би имале сауна во сопствениот дом. Инвестицијата е многу мала, а доволен е многу мал простор, метар на метар, за нејзино поставување. Зошто да не си овозможиме секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството во домашната сауна.

Здравјето нема цена! Поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства

sauna-vo-sopstveniot-dom-za-osloboduvanje-od-stresot-i-namaluvanje-na-bolkite-vo-muskulite-i-zglobovite-004.jpg

Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.

На следниов линк можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа.

sauna-vo-sopstveniot-dom-za-osloboduvanje-od-stresot-i-namaluvanje-na-bolkite-vo-muskulite-i-zglobovite-03.jpg

Колку чини една сауна и колкави се трошоците за нејзино одржување?

Една комплетно опремена сауна од Пирин Експорт за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба, чини околу 2000 евра, а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Трошоците за користење на сауна  на месечна база, ако се користи 3 пати неделно (вклучена печка 1час, зависно од јачината на печката), ќе се потроши струја во вредност од 600 – 100 денари месечно. А за загревање на сауната до посакуваната температура, вообичаено потребни се 35 – 50 минути, зависно од температурата што сакате да се постигне. Сауната лесно се одржава, што ја прави вистинска инвестиција во здравјето на долг рок.

Повеќе инфо ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg