Натусана Македонија воведува нова козметичка линија на пазарот!
- Детали
- среда, 21 септември 2022
Натусана Македонија воведува нова козметички колекција на пазарот. Станува збор за Mediapharma cosmetics квалитетни козметички препарати за нега на лице и тело направени од внимателно одбрани природни состојки.
Со тоа оваа компанија која веќе 20 години, како партнер на Dr. Theiss Naturwaren работи на македонскиот пазар, значајно го зголемува своето дистрибутивно портфолио, а за потрошувачите овозможува понуда на квалитетни производи направени по врвни стандарди.
Станува збор за производи кои содржат високо прочистена хијалуронска киселина со фармацевтски квалитет, овозможувајќи богата нега и интензивно навлажнување. Вклучуваат и скандинавски црвени алги, кои дополнително поттикнуваат влажност, и го стимулираат создавањето на сопствена хијалуронска киселина.
Здравјето е највредниот подарок, а градењето здрави навики наша примарна цел. Задоволството и здравјето на нашите потрошувачи отсекогаш било наш приоритет, и токму затоа овозможивме вакви квалитетни производи да се достапни на макеонскиот пазар, изјавија од Натусана Македонија.
Процесот на стареење на кожата и губење на хијалуронската киселина започнува меѓу 20-тата и 30-тата година. На почетокот знаците на стареење се незабележливи, но после 30-тата година истите стануваат видливи, кожата станува сува, помалку затегната и се појавуваат брчки.
Со помош на Mediapharma cosmetics колекција која содржи Дуо-Хијалурин-Комплекс активно се снабдува кожата со хијалуронска киселина и истовремено се стимулира да произведува сопствена хијалуронска киселина. Се поттикнуваат регенеративните процеси во кожата, што води до мазен и сјаен изглед. Колекцијата се состои од дневна и ноќна крема за сува кожа, потоа за нормална кожа, од концентрат и мицеларна вода за дневно чистење.