Под мотото „E-commerce: Accelerate!”, во ноември ќе се одржи 5. годишна конференција за е-трговија – првпат во регионално издание

СКОПЈЕ, 20.09.2022Под мотото „E-commerce: Accelerate!” на 11 ноември по петти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија - АЕТМ.

pod-mototo-e-commerce-accelerate-vo-noemvri-kje-se-odrzhi-5-godishna-konferencija-za-e-trgovija-prvpat-vo-regionalno-izdanie-01.jpg

Конференцијата годинава за првпат добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.

Организаторите, како и претходните години, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

pod-mototo-e-commerce-accelerate-vo-noemvri-kje-se-odrzhi-5-godishna-konferencija-za-e-trgovija-prvpat-vo-regionalno-izdanie-02.jpg

Главниот акцент на годинашното јубилејно издание ќе биде ставен на забрзувањето како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите. Со забрзувањето доаѓа потребата за проширување на знаењето и имплементација на нови алатки, тактики, и стратегии. Според организаторите, многу компании успеале да ја прилагодат е-трговијата како нивен примарен или дополнителен канал за продажба, но се уште не е остварен целосниот потенцијал кој го нуди е-трговијата за раст на бизнисите.

„Затоа, фокусот на ова петто издание ќе биде одлична можност да се види до каде стигнала е-трговијата и колку далеку може да оди ако ја ставиме брзо напред и ја забрзаме. За време на конференцијата, говорниците ќе презентираат практични стратегии што најголемите бизниси, вклучувајќи ги и нивните, ги користат за раст и зголемен профит во овие непредвидливи времиња, а учесниците ќе можат да ги слушнат најновите трендови од е-трговијата, да се стекнат со нови знаења и практични примери, како и да ги искористат бројните можности за вмрежување со истомисленици од бизнис секторот.“ – велат од АЕТМ.

pod-mototo-e-commerce-accelerate-vo-noemvri-kje-se-odrzhi-5-godishna-konferencija-za-e-trgovija-prvpat-vo-regionalno-izdanie-03.jpg

Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за правилно користење на дигиталниот маркетинг, нови технологии и автоматизација на процеси, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и совети за подобрување на бизнисите од најуспешните е-трговци во регионот. Организаторите потенцираат дека годинава голем акцент ќе биде ставен и на вмрежувањето и неформалната дружба помеѓу учесниците на конференцијата преку повеќе забавни активности надвор од официјалната програма.

Инаку, минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на преку 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.

pod-mototo-e-commerce-accelerate-vo-noemvri-kje-se-odrzhi-5-godishna-konferencija-za-e-trgovija-prvpat-vo-regionalno-izdanie-04.jpg

„Early Bird“ картите се веќе пуштени во продажба по специјална цена од 129 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата.

Повеќе информации за говорниците, агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата следуваат наскоро, а ќе бидат континуирано ажурирани и достапни на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg