Најново од ПроКредит Банка со - нови функционалности за корисниците на електронско банкарство

ПроКредит Банка како прва целосно дигитална банка постојано развива нови иновативни дигитални банкарски услуги, со бројни предности и функционалности за клиентите кои се добро запознаени и функционираат комплетно онлајн.

najnovo-od-prokredit-banka-so-novi-funkcionalnosti-za-korisnicite-na-elektronsko-bankarstvo-01.jpg

Електронското банкарство на ПроКредит Банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција. Дополнителна предност е користење на КИБС/ Телеком дигитален сертификат, како и можноста за со едно корисничко име да се следат сите сметки за кои се клиентите овластени.

ПроКредит Банка ја лансира најновата верзија на системот за електронско банкарство која отсега доаѓа со нови функционалности:

  • Ажурирање на лични податоци и податоци за контакт за физичкилица, без посета на филијала;
  • Регистрација и администрација на трајни налози: меѓу сопствени сметки во иста валута, во домашен платен промет и меѓу сопствени сметки во различна валута;
  • Регистрација на налози со иден датум на извршување
  • Повторна употреба на регистрирани налози кон ист налогодавач, само со внесување на новиот износ;
  • Праќање пораки и документи кон Банката за информација за прилив од странство, дополнителни информации за дознака или документи за кредитно работење.

Дознајте повеќе за сите предности и функционалности на следниот линк, на кој исто така можете и да аплицирате онлајн уште денес.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg