30+ ИДЕИ за негување на ставот #БЛАГОДАРАМ
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
„Кога веќе мислам ќе мислам позитивно“, ова е мисла која ми стои напишана на огледалото во мојот тоалет, и онака нема докази дека може да се случи нешто лошо како што нема докази дека може да се случи нешто убаво. Кога е веќе така ќе изберам да мислам позитивно така барем убаво се чувствувам.
Во нашиот ум има простор за само една мисла, не е возможно да мислиме на две работи во исто време. Не ми верувате, застанете, забавете и ќе го согледате феноменот на една мисла. Кој е нашиот избор? Сигурно знаете дека квалитетот на животот зависи од тоа какви се нашите мисли и од тоа како се чувствуваме сами со себе.
Причината поради којашто ние луѓето мислиме негативно е многу очигледна - така нè имаат научено со најголема љубов и со најдобра намера „ГОЛЕМИТЕ“ кога нè учеле што сè може да се случи ако се качиме на …, ако чепкаме во … а потоа кога ќе станеме „ГОЛЕМИ“ тоа знаење го генерализираме.
Но, сега веќе кога сме „ГОЛЕМИ“ можеме да избереме поинаку. Благодарноста е одличен начин за менување на насоката на размислување, таа има моќ да го промени нашето расположение во нагорна линија, да нè направи посреќни. Живееме во време во кое има толку многу работи кои сакаме да ги промениме кај себе и во опкружувањето сè со цел да бидеме посреќни.
Во тие пориви не треба да паднеме во стапица и да заборавиме да бидеме благодарни за сите работи кои ги имаме а кои ги подразбираме. Бомбардирани сме од информации кои ни го вртат фокусот кон она што ни недостасува со што се истиснува позитивното од видокругот и од срцето. Сè што е потребно да направиме е свесно да избереме поинаку. Да бидеме благодарни СЕГА.
Кога ќе почнеме да размислуваме за тоа за што сме благодарни, на почетокот може да оди тешко исто како и остро вртење, но ќе бидеме изненадени од сите мисли на благодарност кои ќе ни надојдат за кратко време. Секој ден ќе имаме сè повеќе работи на кои сме благодарни. Свесно ќе го смениме фокусот. Ова никако не значи дека не треба да имаме желби и да бидеме скромни, туку само значи да бидеме среќни со она што го имаме додека работиме за она што го сакаме. Со благодарноста патот е полесен, поубав.
Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор … ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот.
Поттикната од оваа идеја ја покренав кампањата #ЛиченИЗБОР која има јасна цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода. Повеќе за кампањата @ЛиченИЗБОР и за слободните материјали од неа можете да најдете доколку ме заследите на социјалните медиуми.
Во овој текст со вас ќе споделам еден дел од работата на оваа кампања а тоа е негувањето на ставот на благодарност. Денот не е случајно избран зошто од 21 септември далечната 1965 почнува да се одбележува Светскиот ден на Благодарноста. Овој ден е дизајниран со идеја да се собере целиот свет заедно и да искаже благодарност, да се одвои време да се размисли за многуте неверојатни работи што ги имаме во нашите животи, да се сврти фокусот кон она што го имаме и од кое што ни се топли срцето.
Има многу различни начини како можеме да го прославиме овој ден, она што е достапно преку Кампањата @ЛиченИЗБОР се:
- Слободниот 30 дневен предизвик за благодарност кој настана по повод вториот роденден на интерактивната книга #Благодарам и во себе има 30 идеи за благодарност и структура за следење на дневните активности по кои може да се направи рефлексија
- Слободната игра #Благодарам која настана по повод третиот роденден на интерактивната книга #Благодарам и може да се игра на три начини, со неа можете да се запознаете на следниот линк, а ако ви се допадне да ја побарате
- Е-книгата 30+ идеи за негување на ставот #Благодарам која настана по повод четвртиот роденден на интерактивната книга #Благодарам а на овој ден, Светскиот ден на Благодарноста го почнува својот пат. Оваа е-книгата е полна со идеи како сите заедно во семејството можеме да ја негуваме благодарноста истата не се продава со однапред дефинирана цена, туку секој може да донира за неа онолку колку што ќе одлучи, од донираните пари, е-книгата ќе биде печатена и подарена во училишта, градинки, домови за деца т.е. секој кој што ќе си ја подари оваа е-книга за себе и своето семејство ќе има можност да каже каде сака да биде подарена печатена е-книга, запознајте се со неа на следниот линк.
- Книгата #Благодарам која што е интерактивна со искажување на благодарност на различни теми, од една страна детето и од друга страна „ГОЛЕМИОТ“. Со активно партиципирање во книгата „ГОЛЕМИТЕ“ ќе имаат можност со децата да поразговараат на различни теми, да видат како децата им размислуваат и да ги насочат кон вистински вредности. Верувам дека уживањето ќе биде на двете страни, децата ќе бидат со полно внимание во омиленото друштво – друштвото на „ГОЛЕМИТЕ“, a „ГОЛЕМИТЕ“ ќе имаат квалитетно време поминато со своите деца во кое ќе согледаат дека во животот имаат многу работи кои заслужуваат и славење. Финален резултат од книгата ќе биде тоа што истата ќе остане во семејството како споменар во кој ќе бидат забележани сите значајни работи кои го прават животот поубав. Запознајте се со неа на следниот линк
Секако не можеме да ја испуштиме и темата која што е многу актуелна веќе некое време – како да го зачуваме/унапредиме здравјето. Дали сте знаеле дека секојдневното негување на чувство на благодарност:
- го зајакнува имунолошкиот систем
- го намалува нивото на стрес
- го подобрува спиењето
- ја ↓ депресијата
- ја ↑ самодовербата
- ...
Не е разумно да очекуваме секогаш сѐ да оди во посакуваната насока, но затоа можеме да избереме секогаш да бидеме благодарни како за победите така и за лекциите.
Новото време не ни донесе се она што посакувавме, но затоа ни донесе нешто поважно, свесност да бидеме благодарни за работите кои ги имаме или ги имавме а кои што ги подразбиравме.
Со последната реченица сакам да ве повикам и вие активно да се вклучите во оваа кампања со споделување на идејата за благодарноста за да го направиме ова место поубаво за нашите деца и нас самите.
Благодарам од срце,
Ана Салтирова Давидовски
Ана Салтирова Давидовски работи како Менаџер за човечки ресурси, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој, Автор за деца, исто така ја покрена и кампањата #ЛиченИЗБОР која што има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на на доброто расположение повторно во мода во која што е вклучена интерактивна книга #Благодарам, слободните игри #Благодарам и #КакоМоже 1,2,3, детски медитации, е-книга Како да станеме и останеме среќни родители дел 1,2,3,4,5,6, Е-книгата 30+ идеи за негување на ставот #Благодарам, иницијатива #родителиЗАродители.
Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап.
Facebook Ana Saltirova Davidovski - Blagodaram