Започна пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ на извршната МБА програма на Универзитетот Јорк

Отворен е конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус за академската 2022/2023 година. Заинтересираните кандидати за стипендија „Борис Трајковски“ можат да конкурираат до 23 септември на следниот линк.

zapochna-prijavuvanjeto-za-stipendiite-boris-trajkovski-na-izvrshnata-mba-programa-na-univerzitetot-jork-01.jpg

Стипендиите „Борис Трајковски“ што ги нудат заеднички Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Претседателот на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука, се доделуваат за 20 студенти за вонредни двегодишни студии. Учесниците можат да изберат една од шесте достапни специјализации, МБА по Општ менаџмент, МБА во Маркетинг, МБА во Финансии, МБА во Логистика и менаџмент, МБА во Управување во здравство и МБА во Управување со човечки ресурси.

Со аплицирање и стекнување на стипендија, кандидатите ќе студираат според Пан-европската извршна МБА програма и ќе имаат можност да се стекнат со двојна диплома, од Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк и од Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур. И двете образовни институции што ја доделуваат двојната диплома се високо истакнати и рангирани во научниот свет, Универзитетот Јорк е врвен британски универзитет рангиран на 151вото место во светот според QS World University Rankings за 2022 година и Универзитетот во Стразбур претставува престижен француски универзитет од каде имаат произлезено 18 научници наградени со Нобелова награда.

Понудена во 8 различни градови низ регионот, паневропската извршна МБА е меѓународна програма со неограничени можности за вмрежување, специјално дизајнирана за сите кои сакаат да ги подобрат своите вештини и знаења за професионален, кариерен и личен развој. Покрај двојната диплома, програмата нуди и вистинско меѓународно искуство преку три студиски патувања - во Јорк (Велика Британија), во Стразбур (Франција) и во Солун (Грција). Програмата ја предаваат истакнати професори и меѓународни академици од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити Колеџ, од Универзитетот Јорк, од Универзитетот во Стразбур, како и други добро признати универзитети ширум светот, и експерти од индустријата со значително професионално искуство.

Паневропската МБА програма е една од 300те програми акредитирани од Здружението на МБА програми (AMBA) и од Институтот за менаџмент, од Велика Британија (CMI), а вредноста на оваа извршна МБА програма во академскиот свет ја потврдува и заедницата од приближно 4000 учесници и дипломци досега.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg