Започнува одржувањето на отворените денови на тема ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈA: Првиот настан ќе се одржи на плоштадот во Тетово, на 12 Септември, со почеток во 12 часот

Тетово, 09 Септември, 2022 година: Под мотото ПРЕПОЗНАЈ, ПРИЈАВИ, СПРЕЧИ ДИСКРИМИНАЦИЈА, во седум градови во Република Северна Македонија, ќе се одржат еднодневни настани, во форма на отворени денови, чија цел е едукација на граѓаните и граѓанките на темата еднаквост и недискриминација, но и преставување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) како тело кое нуди заштита од сите типови на дискриминација.

zapochnuva-odrzhuvanjeto-na-otvorenite-denovi-na-tema-ednakvost-i-nediskriminacija-prviot-nastan-kje-se-odrzhi-na-ploshtadot-vo-tetovo-na-12-septemvri-so-pochetok-vo-12-chasot-01.jpg

Станува збор за настани од отворен карактер, каде претставниците/чките на Комисијата се отворени за дискусија со локалното население и ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања на присутните.

Важно е да ја подигнеме свесноста дека дискриминацијата ештетна за општеството, но и дека е забранета со закон и не треба да останенепријавена. Токму затоа ќе се зборува како да се препознаат формите на дискриминација, но и како да се пријави дискриминацијата. Важно е да научиме дека луѓето треба да ги почитуваме онакви какви што се, затоа што сите сме еднакви и имаме исти права.

Првиот настан ќе се одржи во понеделник, на плоштадот во Тетово, со почеток во 12 часот, а ќе го отвори г. Игор Јадровски, претставник на Комисијата. Ги покануваме граѓаните и граѓанките на општина Тетово, да земат учество на овој еднодневен настан.

Настанот е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg