Осум медали за каратистите на Макпетрол на интернационалниот турнир во Бјелина
- Детали
- понеделник, 05 септември 2022
Почитувани, Карате клубот Макпетрол – Скопје, викендов зема учество на меѓународниот карате турнир НОЌ НА ШАМПИОНИТЕ 2022 , кој се одржа во Бјелина, Босна и Херцеговина.
Учество на турнирот земаа 639 спортисти од 73 клуба од 10 држави.
За Бјелина од Карате клубот Макпетрол заминаа вкупно 10 спортисти. Сите беа пријавени и настапија во дисциплината борби во поединечна конкуренција.
Во тешка конкуренција и претежно во сениорскиот дел од програмата, успеавме да освоиме вкупно 8 (осум), медали од кои 4 (четири), сребрени и 4 (четири), бронзени медали.
Медалите ги освоија следните спортисти:
1. Ангела Мојсовска сребрен медал , сениорка +68 кг
2. Стефан Стојанович сребрен медал, сениор +84 кг
3. Витомир Трајковски сребрен медал , сениор -84 кг
4. Јована Мицовска сребрен медал , Јуниорки -59 кг
5. Петар Заборски бронзен медал, сениори -75 кг
6. Давид Петков бронзен медал, сениор -75 кг
7. Викторија Јовановска У21 -61 кг
8. Викторија Јовановска сениорки, -61 кг
Спортистите Глигор Петков, Димитар Лозановски, и Данило Божовиѓ не успеаја да освојат медал на овој силен турнир.
Тренерот Бошко Заборски изјави:- Овој турнир за нас имаше пред се контролен карактер.
Контролата ја направивме во извонредна конкуренција со квалитетни натпреварувачи од Србија и Црна Гора. и комплетната репрезентација на Босна и Херцеговина.
Задоволни сме од моменталната спортска форма, која во моментов уште не е на највисокото ниво. Сите спортисти кои настапија имаа по повеќе борби во своите тежински категории и тоа со добри и квалитетни натпреварувачи. Затоа точно можевме да ги видиме сите предности кои ги имаме но и недостатоците кои треба да ги поправиме. За сениорите ова беше одлична контрола, бидејќи тие на 25 септември заминуваат за Турција , да земат учество на Светските универзитетски игри на боречки спортови кои ќе се одржат во Самсун:- Изјави Заборски