Huawei претстави голем број нови производи на IFA 2022
- Детали
- понеделник, 05 септември 2022
Меѓу новите уреди кои официјално беа претставени се смартфоните HUAWEI nova 10 и nova 10 Pro, MateBook X Pro, MatePad Pro и WATCH D.
Huawei уште еднаш ја докажува својата посветеност на иновациите со новите уреди прикажани на актуелниот саем за потрошувачка електроника IFA 2022 во Берлин. Новите уреди демонстрираат карактеристики што го прават корисничкото искуство полесно, попријатно и посподелено.
HUAWEI nova 10 и nova 10 Pro
Новите паметни телефони HUAWEI nova 10 и nova 10 Pro се развиени со фокус на најновите трендови во фотографијата. Производителите на паметни телефони отсекогаш и давале приоритет на главната камера, но за милиони корисници на трендовските апликации за социјални мрежи, клучните се можностите на предната камера.
HUAWEI nova 10 и nova 10 Pro се иновативни смартфони кои го менуваат традиционалниот пристап. Двата уреда можат да се пофалат со импресивна 60MP ултраширокоаголна предна камера, способна да снима 4K видео, а HUAWEI nova 10 Pro располага и со дополнителна 8 MP портретна камера за кристално јасни снимки одблиску.
Двата уреда располагаат со мноштво импресивни спецификации дизајнирани да ја инспирираат помладата генерација, вклучувајќи ја примарната камера од 50 MP со напредни функции, висока стапка на освежување на екранот и можноста за брзо полнење. Сето ова е сместено во неверојатно елегантен дизајн, при што HUAWEI nova 10 Pro има дебелина од само 7,88 мм, а nova 10 е уште потенок со 6,88 мм.
HUAWEI MateBook X Pro
Најновиот лесен и интелигентен флегшип лаптоп на Huawei, HUAWEI MateBook X Pro вклучува мноштво иновативни функции во прекрасен метален мат финиш. Употребата на лесни и издржливи легури на магнезиум и Micro-arc Oxidation слој го прават лаптопот исклучително компактен, издржлив и пријатен на допир.
Новиот HUAWEI MateBook X Pro се издвојува со 14,2-инчен 3,1K FullView дисплеј и го содржи најнапредниот тракпад, што досега го има понудено серијата MateBook. HUAWEI Free Touch поддржува осум иновативни контроли со гестови, вклучувајќи слики од екранот, осветленост, прилагодување на јачината на звукот и многу повеќе.
Опремен со Intel® Core™ процесорот од 12-та генерација, чипсетот се одликува со целосно нова хибридна архитектура, која е 60% поефикасна од неговиот претходник. Новиот систем за ладење HUAWEI Shark Fin Fan дополнително му овозможува на HUAWEI MateBook X Pro да работи ефикасно подолг временски период.
HUAWEI MatePad Pro
Таблетот од следната генерација, HUAWEI MatePad Pro е ажуриран во однос на дизајнот, квалитетот на екранот, аудио-визуелното искуство, софтверот и хардверот. Доаѓа со 12,6-инчен HUAWEI OLED Real Color FullView дисплеј со стапка на освежување од 120 Hz, 90% сооднос меѓу екранот и телото и Universal Color Consistency технологијата за конзистентни бои.
HUAWEI MatePad Pro им овозможува на корисниците поинтелигентно искуство при користењето на таблетот и дополнително ја подобрува креативноста и продуктивноста на уредот, нудејќи искуство како на десктоп компјутер. Функциите како App Multiplier и Multi-Window овозможуваат да се работи на повеќе задачи истовремено. Покрај тоа, HUAWEI M-Pencil (втора генерација) и магнетната паметна тастатура им даваат на корисниците флексибилност да се префрлаат помеѓу канцелариска работа, креативни задачи и учење. HUAWEI MatePad Pro се издвојува меѓу таблет уредите со поголем екран и секогаш дава приоритет на продуктивноста на корисниците.
HUAWEI WATCH D
Паметните часовници на Huawei можат да следат многу важни здравствени параметри, како што се отчукувањата на срцето и заситеноста на крвта со кислород. Претходно оваа година, Huawei го најави и HUAWEI WATCH D со иновативен систем за мерење на крвниот притисок и електрокардиограм. HUAWEI WATCH D е дизајниран да работи како здравствен асистент, со целодневно следење на отчукувањата на срцето и сатурацијата, овозможувајќи известувања при ниско ниво на кислород во крвта. Како и останатите часовници на Huawei, го следи и квалитетот на сонот и нивото на стрес.
Huawei Mobile Services (HMS)
HMS екосистемот на Huawei продолжува да се развива со навистина импресивно темпо. Овој развој нуди супериорни можности за мапирање и навигација, пребарување, е-пошта и купување за корисниците на повеќе уреди. Huawei продолжува да инвестира и во продавницата за апликации AppGallery, која веќе има 580 милиони месечни активни корисници, од кои над 45 милиони се лоцирани во Европа. Бројот на апликации достапни на AppGallery се зголеми за 147% од година во година, а има над 5,5 милиони регистрирани програмери кои работат на заживување на уште повеќе апликации.
Вилијам Тијан, претседател на Huawei Consumer Business Group за Западна Европа, изјави: „Воодушевени сме што се враќаме на IFA по неколку предизвикувачки години за сите нас. IFA отсекогаш била одлична платформа за неверојатни иновации во технолошката индустрија и Huawei уште еднаш претставува нови возбудливи уреди“.
„Се фокусиравме на убаво дизајниран хардвер, на софтвер кој обезбедува беспрекорно искуство на повеќе уреди, како и на фотографија прилагодена на потребите на корисниците. Од здравје и фитнес до забава и интелигентни канцелариски решенија, Huawei продолжува да ги поместува границите и ќе продолжиме да испорачуваме неверојатни технолошки иновации до нашите милиони верни фанови во цела Европа“.