Нова бензинска станица на „Макпетрол“ во Велес

nova-benzinska-stanica-na-makpetrol-vo-veles-01.jpg

Компанијата отвори нова бензинска станица во градот Велес која се придружува на современата мрежа на бензински станици на „Макпетрол“ низ државата. Оваа бензинска станица, исто како и останатите, е опремена според највисоките светски стандарди и ќе ги задоволува секојдневните потреби на потрошувачите од градот Велес и околината. Новата инвестиција на „Макпетрол“ доаѓа во годината кога компанијата одбележува 75 години постоење на македонскиот пазар, период во кој како лидер на пазарот со нафтени деривати континуирано се стреми кон унапредување на своите производи и услуги.

Модерната бензинска станица овозможува непречено услужување на четири возила кои во исто време може да полнат гориво. Техничките карактеристики на бензинската станица се во согласност со строгите безбедносно - технички нормативи за овој вид објекти, истовремено во потполност задоволувајќи ги современите функционални и естетски стандарди. Покрај тоа, во состав на бензинската станица е Shop&Drive маркет со широк асортиман производи во кој потрошувачите може да се снабдат со сѐ што им е потребно.  

nova-benzinska-stanica-na-makpetrol-vo-veles-02.jpg

На оваа бензинска станица достапни се ULTRA горива од новата генерација, неодамна унапредени со најсовремената Dual Action Technology која овозможува намалена потрошувачка и зголемена енергетска ефикасност. Новата технологија обезбедува подобри перфоманси на возилата, поголема заштита на моторот и намалување на емисиите на штетни издувни материи, што од своја страна, придонесува кон поголема заштита на животната средина. Исто така, на оваа бензинска станица е достапен и течниот нафтен гас за возилата, како и течниот нафтен гас за домаќинствата.

- Зголемувањето на бројот на бензински станици е наша долгорочна компаниска стратегија насочена кон тоа да им овозможиме на потрошувачите лесна достапност до најквалитетни горива и други производи секаде и во секое време преку највисоко ниво на услуга. Со модернизирање на понудата на нашите бензински станици овозможуваме целосна услуга на едно место, односно снабдување на возилата со горива, течен нафтен гас за домаќинствата и производи од дополнителниот асортиман во современите Shop&Drive маркети - истакнуваат од „Макпетрол“. 

Досегашната ориентација на компанијата е секогаш да обезбеди квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био-горива. Тоа претставува гаранција дека „Макпетрол“ и во наредните години ќе биде водечка компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и како досега, ќе претставува двигател на економскиот сектор во Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg