ЖФК Скопје: Како да се храниш за да станеш успешен фудбалер?

Луѓето кои сакаат да водат активен живот, а особено спортистите, имаат потреба од повеќе енергија за да можат да го издржат високото темпо на секојдневниот физички напор, но и за да ги надополнат калориите изгубени во текот на активноста. А кога се работи за правилна спортска исхрана, тогаш не е важно само колку, туку и што се консумира за да се одржи телото во најдобра форма. Кога и да одиме на фудбал, секогаш се чувстуваме подобро од што сме најавиле претходно.

zhfk-skopje-kako-da-se-hranish-za-da-stanesh-uspeshen-fudbaler-01.jpg

Здравиот спортски живот се базира колку на начинот и интензитетот на физичките активности, толку и на исхраната и на правилната регенерација на телото. Фудбалерките на ЖФК Скопје успешно се натпреваруваат во Првата фудбалска лига и забележуваат одлични резултати, а нивниот успех велат дека се должи на правилната нутриција и консумирањето на здрава храна наменета токму за нивните потреби. Па така, еден обичен ден започнува со протеински мусли потопени во јогурт, со цел да имаме здрава основа за почеток на денот. Муслите се богати со растителни влакна и метаболизмот лесно ги прифаќа, а тие му ја даваат на телото онаа екстра енергија која му е потребна за напорниот ден кој следува. Во комбинација со јогуртот, кој е пробиотик, ваквиот оброк ќе ви даде чувство на леснотија и виталност кои се клучни за добар спортски перформанс.

zhfk-skopje-kako-da-se-hranish-za-da-stanesh-uspeshen-fudbaler-02.jpg

Менито на еден спортист треба да биде разновидно, но и добро одбрано за да му даде на телото добра потпора во текот на напорните активности. Храните богати со протеини, растителни влакна и јаглехидрати се задолжителна ставка на менито на сите успешни спортисти, а квалитетот на храната и состојките често се истакнува како клучен фактор во исполнување на зацртаните цели.

„Денот на натпреварот е поважен од другите денови во неделата“, велат од ЖФК Скопје, па затоа пред натпреварите им е потребна исхрана која ќе им даде енергија и елан за долгите 90 минути постојано трчање.

Обично тоа значи „збогатување“ на исхраната со протеински прашок од сурутка, кој го поттикнува градењето на мускулна маса и го подобрува физичкиот перформанс. Популарен избор на фудбалерките од ЖФК Скопје се протеинските шејкови направени со протеински прашок во разни вкусови, што покрај енергија дава и голема доза на задоволство за консумерот.

Регенерацијата по натпреварот се базира на добар одмор и намалување на заморот. Високо калорични храни и протеини повторно се приоритет на менито, но во ЖФК Скопје имаат и друга идеја: енергетски и RAW барови, веднаш по крајот на натпреварот. Посебно RAW баровите кои имаат сладок и овошен вкус се сметаат за идеални во вакви ситуации, бидејќи освен што нудат инстант доза на енергија, даваат сладникав вкус кој го задоволува телото и го покачува нивото на допамин. А сепак, во клубот има и девојки кои не преферираат слатки вкусови, па тие најчесто се решаваат за солени крекери или оризови галети.

zhfk-skopje-kako-da-se-hranish-za-da-stanesh-uspeshen-fudbaler-03.jpg

Неодамна, ЖФК Скопје потпиша партнерство со македонската компанија за здрава храна Виталиа и очекувањата се дека оваа заедничка соработка ќе донесе до уште поголем успех на клубот. Портфолиото на Виталиа кое постојано се зголемува им овозможува на фудбалерките од клубот да си одберат храна според своите потреби, која не само што ќе им ги задоволи вкусовите, туку и нема да причинува грижа на совест бидејќи е здрава и адаптирана за спортски начин на живот. И во оваа сезона, фудбалерките на ЖФК Скопје гарантираат дека ќе се борат за висок пласман и продолжување на успешните настапи во Првата фудбалска лига.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg