Детокс после летните одмори

Пред да започне летото, голем дел од луѓето се трудат да се вратат во форма и да го постигнат совршениот изглед, за потоа да се опуштат и да им се препуштат на сите кулинарски задоволства што им ги нуди летото. Но, ако овие десетина дена одмор се толку важни за да жртвувате неколку месеци претходно за да се подготвите, сигурно ја знаете и важноста на квалитетната регенерација на телото по напорниот период кој сигурно остава траг на него.

detoks-posle-letnite-odmori-01.jpg

Детоксификацијата е процес со кој преку добро избрана и планирана исхрана се делува кон „чистење“ на токсините од организмот. Таа генерално опфаќа храни и состојки кои ќе го стимулираат телото да ги исфрли непотребните материи, ќе ја подобрат циркулацијата и работата на телото, а истовремено ќе го збогатат телото со нутриентите кои му се потребни.

Секој успешен процес на детоксификација започнува на истиот начин: пиење многу вода. Водата е клучна за чистење на телото и се препорачува да се пие во текот на целиот ден, во количини соодветни за телесната тежина и степенот на физичка активност. Сета солена, мрсна, пржена и зачинета храна што ја јадеме во текот на одморот го оптоварува организмот, па затоа треба да се осигураме дека ќе му го понудиме и освежувањето кое му е потребно. Уште ако го започнете денот со додавање на малку лимон во водата која ја пиете – тогаш знаете дека сте на вистинскиот пат.

detoks-posle-letnite-odmori-02.jpg

Иако му се ближи крајот, сепак летото уште трае... Така што, најголемиот дел од луѓето и онака имаат помал апетит за храна и консумираат повеќе течности. Ова одлично се совпаѓа во процесот на детокс, бидејќи пијалаците нудат освежување, а не го оптоваруваат телото со вишок непотребни калории. А сепак, не сите пијалаци се исти. Во текот на септември, заменете ги засладените пијалаци и кафето со вода, чаеви кои не содржат кофеин и вкусни, хранливи смути пијалаци... Идеален избор е наменското Smoothie TO GO Detox на Виталиа, кое претставува комбинација од нутриенти кои му се потребни на вашето тело, а се подготвува многу едноставно – со додавање на вода, јогурт или млеко на содржината од ќесичката. А доколку сакате нешто полесно, тогаш зелениот чај е секогаш проверен и добар избор за прочистување.

Појадокот е исклучително важен за добар почеток на денот и затоа треба да се внимава тој да биде хранлив, вкусен и да му понуди на телото здрава основа за продолжување на денот. Па така наутро, наместо да посегнете кон кроасан со чоколадо или лисната кифла, обидете се да појадувате нешто здраво, како на пример безглутенски мусли со семиња и овошје од Виталиа, кои се природен извор на диетални влакна кои помагаат во варењето на храната. Лесниот, но добро одбран појадок ќе ви даде енергија без да го оптоварува организмот и затоа се препорачува овој оброк да биде редовен и да не се прескокнува.

detoks-posle-letnite-odmori-03.jpg

Квалитетната и здрава исхрана во комбинација со редовна вежба ќе ви донесе многу придобивки, особено ако се придржувате до овој начин на живот подолго време. Затоа, не заборавајте секојдневно да го „наградите“ телото со неколку домашни вежби, кратко кардио или одење во теретана. Физичката активност го активира целиот метаболизам и го забрзува варењето на храната, што всушност помага и за побрзо исфрлање на токсините. Измеѓу физичките активности, добро е да имате при рака ужина која ќе ви даде екстра енергија, а нема да направи да се чувствувате лошо со себе.

Пробиотските колачиња на Виталиа, кои доаѓаат во повеќе вкусови, се проверено добар избор за оваа намена, бидејќи помагаат во одржувањето на внатрешниот баланс, ја поттикнуваат добрата дигестија и го зајакнуваат имуниот систем – токму она што ви е потребно по детоксификацијата.

detoks-posle-letnite-odmori-04.jpg

Процесот на чистење на телото по традиционално опуштените летни одмори му делува пријатно на телото, бидејќи го ослободува од вишокот материи што само прават да се чувствувате потешко во своја кожа. Со малку дисциплина и волја, ќе успеете да ја регулирате работата на метаболизмот и да го освежите телото во пресрет на поладните денови. Направете план, поставете си свои правила и почнете со детоксификација – и набрзо ќе ги почувствувате промените.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg