Посетителите на „Sound. Time. Vision“ на Манаки Офф имаа ексклузивна можност да го преслушаат „МАКЕДОНИСИМО“ на Симон Трпчески пред официјалната македонска претпремиера

На аудио поставката Sound. Time. Vision на „Теохаров аудио“, „Божиновски часовници и накит“ и „Каре“ посетителите имаа ексклузивна можност да го преслушаат новиот проект на Симон Трпчески „ МАКЕДОНИСИМО “ чија македонска претпремиера ќе се случи во сабота во автентичниот амбиент на родното место на неговиот татко во с. Збажди, во струшка Малесија.

posetitelite-na-sound-time-vision-na-manaki-off-imaa-ekskluzivna-mozhnost-da-go-preslushaat-makedonisimo-na-simon-trpcheski-pred-oficijalnata-makedonska-pretpremiera-01.jpg

Посетителите во огромен број уживаа во звуците на најафирмираниот македонски пијанист и изведувач Симон Трпчески, како увертира на најавената претпремиера во живописното Збажди.

„Убаво е кога ќе се склопат енергиите и кога ќе создадат нешто неповторливо, како што е случајот со годинешната поставка на Теохаров Аудио која ја креиравме заедно со „Божиновски часовници и накит“ и „Каре“. Покрај тоа што успеавме да обезбедиме ексклузивни аудио матерјали кои тука беа преслушани за првпат, посетителите во текот на целата недела на одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“ имаа можност да уживаат во звуците на филмска музика компонирана за македонски филмови“, изјавија организаторите на Офф програмата на „Браќа Манаки“.

posetitelite-na-sound-time-vision-na-manaki-off-imaa-ekskluzivna-mozhnost-da-go-preslushaat-makedonisimo-na-simon-trpcheski-pred-oficijalnata-makedonska-pretpremiera-02.jpg

Покрај „ МАКЕДОНИСИМО “ на Трпчески, посетителите уживаа и во звуците на музиката на браќата Тавитјан, Влатко Стефановски, како и во музиката од филмовите на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски.

За неповторливото аудио искуство на посетителите се погрижи Теохаров аудио, додека совршениот амбиент во просторот е дело на „Каре“ дел од Смарт Ливинг групацијата, се тоа вкомпонирано во една пријатана „дневна соба“ во централниот дел на најрепрезентативното здание во Битола- офицерскиот дом, составена со високата естетика и креативност на „Божиновски часовници и накит“.

posetitelite-na-sound-time-vision-na-manaki-off-imaa-ekskluzivna-mozhnost-da-go-preslushaat-makedonisimo-na-simon-trpcheski-pred-oficijalnata-makedonska-pretpremiera-03.jpg

На последниот ден од поставката посетителите ќе имаат можност да се дел од претпремиерата на новиот албум на Крсте Роџевски, која со оглед на тоа дека ќе се презентира сеуште необјавен материјал ќе биде достапен исклучиво за ВИП гости – вистнски љубители на добриот звук.

posetitelite-na-sound-time-vision-na-manaki-off-imaa-ekskluzivna-mozhnost-da-go-preslushaat-makedonisimo-na-simon-trpcheski-pred-oficijalnata-makedonska-pretpremiera-04.jpg

posetitelite-na-sound-time-vision-na-manaki-off-imaa-ekskluzivna-mozhnost-da-go-preslushaat-makedonisimo-na-simon-trpcheski-pred-oficijalnata-makedonska-pretpremiera-05.jpg

posetitelite-na-sound-time-vision-na-manaki-off-imaa-ekskluzivna-mozhnost-da-go-preslushaat-makedonisimo-na-simon-trpcheski-pred-oficijalnata-makedonska-pretpremiera-06.jpg

posetitelite-na-sound-time-vision-na-manaki-off-imaa-ekskluzivna-mozhnost-da-go-preslushaat-makedonisimo-na-simon-trpcheski-pred-oficijalnata-makedonska-pretpremiera-07.jpg

posetitelite-na-sound-time-vision-na-manaki-off-imaa-ekskluzivna-mozhnost-da-go-preslushaat-makedonisimo-na-simon-trpcheski-pred-oficijalnata-makedonska-pretpremiera-08.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg