Чадот, а не никотинот е главен причинител за болести предизвикани од пушењето

Денеска во светот има повеќе од една милијарда пушачи и статистиката вели дека секој шести човек пуши. Болестите предизвикани од пушењето, сепак, не се врзани за никотинот, кој како природна состојка го има во тутунот и кој е високо зависен, но некарциноген, туку со тутунскиот чад. Никотинот создава зависност и може да го зголеми пулсот, но во поглед на супстанците е прилично безопасен.

chadot-a-ne-nikotinot-e-glaven-prichinitel-za-bolesti-predizvikani-od-pushenjeto-01.jpg

Најдобрата одлука за секој пушач е во целост да се откаже од тутунот и никотинот. Меѓутоа, значителен број пушачи не се одлучуваат на ваков чекор, наведувајќи го никотинот како една од причините за пролонгирање на оваа одлука. Никотинот, кој претставува активна состојка на цигарите е стимуланс и претставува една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. Научниците велат дека никотинот е штетен бидејќи предизвикува зависност, а тоа е всушност неговиот најголем „грев”. Оваа теза е потврдена со фактот дека една од најприфатените терапии за откажување од пушење е онаа која се базира на производи за замена на никотинот, како што се фластерите и никотинските гуми за џвакање.

Никотинот е природна состојка, додека катранот е производ кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот е алкалоид пронајден во растението тутун и претставува 0.6–3.0 проценти од сувата маса на тутунот, а катранот е рецидив (остаток) од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид се докажано штетни за здравјето. Главен причинител за болестите поврзани со пушењето всушност е чадот од цигарите, кој содржи повеќе од 6.000 штетни и потенцијално штетни материи кои се ослободуваат при согорување на тутунот, додека никотинот е тој што ја создава зависноста. Никотинот е природната состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано и дека пушачите пушат поради никотинот, но се разболуваат од катранот.

Токму ова е причината зошто лекарите се повеќе им препорачуваат на пациентите кои не сакаат да се откажат од пушењето, алтернативи кои го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат. Новите тутунски производи се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Истражувањата покажуваат дека и хигиената е една од главните мотивации за луѓето да се префрлат од цигари на алтернативни тутунски производи, бидејќи чадот од тутунот предизвикува непријатен мирис кај корисникот.

chadot-a-ne-nikotinot-e-glaven-prichinitel-za-bolesti-predizvikani-od-pushenjeto-02.jpg

Пушењето е еден од најзначајните ризик фактори за појава на одредени болести кои доведуваат до смртни последици и пушачите треба да знаат дека постои и друг начин за да престанат со консумирањето натрадиционални цигари, или пак барем да ги намалат здравствените ризици на кои се изложени. Електронските уреди, како IQOS се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чади катран, туку аеросол што е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 98проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки.

Технологијата за загревање на тутунот без согорување е препознаена од повеќе влади и јавни здравствени организации, вклучувајќи ја и американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да помогне да се намали содржината на штетни материи, во споредба со согорувањето на тутунските производи. Овие уреди се наменети за возрасните пушачи, кои и понатаму би продолжиле да пушат и важно е да се напомене дека не претставуваат производи без ризик.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg