Ист Гејт Мол му посакува добредојде на H&M - големо отворање на 18-ти август 2022

Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро.

ist-gejt-mol-mu-posakuva-dobredojde-na-h-m-golemo-otvoranje-na-18-ti-avgust-2022-01.jpg

Посетителите на Ист Гејт Мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M. На површина од над 2.300м2 шведскиот моден бренд ќе и се претстави на македонската потрошувачка публика со најновите колекции за деца и тинејџери, мажи и жени.

„Возбудени сме што конечно можеме да му посакаме добредојде на H&M во семејството на Ист Гејт Мол. Од денес Скопје се наоѓа на мапата на светските метрополи каде H&M има свои продавници. Ќе биде прекрасен ден на отворање на првата и единствена продавница на H&M во Македонија. Отворањето ќе биде вистински убав настан за лансирање на брендот на нашиот пазар, по примерот на останатите светски метрополи. На денот на отворањето, брендот ќе подели многу подароци вклучувајќи и попусти до 50% на селектирана облека и обувки. Со отворањето на H&M, во комбинација со останатиот бренд микс, Ист Гејт Мол се позиционира како водечки трговски центар на пазарот, каде потрошувачите можат да уживаат во сосема поинакво потрошувачко искуство” – изјави Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

ist-gejt-mol-mu-posakuva-dobredojde-na-h-m-golemo-otvoranje-na-18-ti-avgust-2022-02.jpg

Ист Гејт Мол е единствениот трговски центар на пазарот каде водечките модни брендови, како H&M, Индитекс и ЛПП се присутни со своите целосни портфолија, најнови концепти и најголеми формати на продавници. Овие модни брендови во комбинација со над 200 останати, го позиционираат Ист Гејт Мол како најголем трговски центар во нашата земја.

ist-gejt-mol-mu-posakuva-dobredojde-na-h-m-golemo-otvoranje-na-18-ti-avgust-2022-03.jpg

Ист Гејт Мол е трговски центар од последната генерација на трговски центри, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување.

Бидете во „Ист Гејт Мол“!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg