H&M го сака Скопје: Нов мурал кој истовремено го прочистува воздухот ќе биде откриен во центарот на градот

H&M Hennes & Mauritz AB (H&M), шведската модна компанија која ќе ја отвори својата прва продавница во Скопје во текот на оваа недела, денес пред Гимназијата „Јосип Броз-Тито” ќе го открие новото урбано уметничко дело, мурал кој истворемено е пример и за одржлива уметност.

h-m-go-saka-skopje-nov-mural-koj-istovremeno-go-prochistuva-vozduhot-kje-bide-otkrien-vo-centarot-na-gradot-1.jpg

Муралот, изработен од локалните артисти Ертунч Сали, Бранкица Јордановска и Сања Симоска, е 60 метарско уметничко  дело кое ја пренесува пораката „H&M го сака Скопје”, на најдобар можен начин – со истовремено прочистување на воздухот благодарение на специјалните материјали искористени за премачкување на ѕидот.

Преку процес на фотокатализа, благодарение на фото-сензитивните честички кои се нанесени на муралот, ги разградува штетните честички од воздухот во истиот момент кога ќе дојдат во допир со површината на муралот. Ова е првиот мурал во јавен простор во Скопје, кој има прочистувачки својства. Дополнително, материјалот кој е искористен има само-прочистувачки, анти-бактериски и анти-вирусни својства.

h-m-go-saka-skopje-nov-mural-koj-istovremeno-go-prochistuva-vozduhot-kje-bide-otkrien-vo-centarot-na-gradot-01.jpg

h-m-go-saka-skopje-nov-mural-koj-istovremeno-go-prochistuva-vozduhot-kje-bide-otkrien-vo-centarot-na-gradot-02.jpg

„Ова прекрасно парче на одржлива уметност е нашиот подарок за Скопје, и е симбол за почетокот на нашето модно патешествие овде. Истовремено, покажува дека одржливоста е дел од ДНК-та на H&M, и дека забавата и креативноста одат рака под рака со грижата за климатските промени и одговорноста кон околината.” - изјави Томас Естрани, Менаџер за продажба.

Муралот ќе биде откриен денес, 15 август, со маалска забава на платото пред Гимназијата „Јосип Броз-Тито”, на само неколку дена до официјалното отворање на продавницата во Ист Гејт Мол на 18 август.

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg