ПроКредит - прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

Со почетокот на ковид 19 кризата, компаниите беа принудени да се адаптираат на новите услови за работа со цел да се заштитат здравјето и благосостојбата на своите вработени. Пандемијата го забрза процесот кај одредени компании да донесат одлука за работа на вработените од своите домови.

prokredit-prva-banka-vo-zemjata-koja-voveduva-fleksibilnost-za-rabota-od-doma-za-svoite-vraboteni-01.jpg

ПроКредит Банка Македонија, го отвори прашањето на флексибилно работно време и пред пандемијата, но истото се реализира подоцна и конечно се воведува концепт за можност за работа од дома на вработените на ПроКредит Банка.

Банката за своите вработени обезбедува соодветни средства за работа и извршување на редовните работни активности - лап топ, добра интернет конекција и останати помошни средства. Со ова се овозможува непрекинато поврзување кон апликациите на банката со цел извршување на секојдневните работни активности.

„ПроКредит Банка има професионални и одговорни кадри, вработени кои што се самостојни и испорачуваат висок квалитет и ефикасност на своите работни места. Со оваа одлука во центарот го ставаме секој вработен, неговите потреби, организација и секако очекувањата во однос на придонесот на работното место. Веруваме дека ќе влијае позитивно на вработените преку постигнување подобар баланс помеѓу работата и приватното време, што е траен бенефит за нашата организација.” – изјави Ана Стојановска, Директор на секторот за човечки ресурси во ПроКредит Банка.

Со одлуката на банката, максималното траење на ваквиот начин на работа е со времетраење од максимум 4 работни денови во календарскиот месец.

Официјално, ПроКредит Банка ќе биде прва банка во Македонија која ќе воведе флексибилно работно време за своите вработени.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg