Фактите ја открија најголемата лага за зависноста од никотин

Ако прашате пушач што добива од цигарите, веројатно ќе ви посочи задоволство, исполнетост и општо добро чувство.

faktite-ja-otkrija-najgolemata-laga-za-zavisnosta-od-nikotin-01.jpg

Никотинот, кој претставува активна состојка на цигарите е стимуланс и претставува една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. Тој е и причината поради која пушачите имаат потешкотии со откажувањето. Користени во мали дози како оние што се испорачуваат во цигарите, стимулансите го активираат нервниот систем, што доведува до засилена возбуда и будност. Врзувањето на никотинот во лимбичкиот систем – дел од мозокот во кој се наоѓа центарот за задоволство и награда – ослободува допамин, што доведува до чувство на еуфорија. Овие ефекти се комбинираат за да им дадат на пушачите поттик во нивното расположение.

Никотинот е алкалоид што се наоѓа во растението тутун и претставува 0.6–3.0 проценти од сувата маса на тутунот, а катранот е рецидив (остаток) од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид се докажано штетни за здравјето. Кога се споменува никотинот, првото нешто што паѓа на ум е пушењето и како тоа влијае врз организмот. Се работи за супстанца која предизвикува зависност и се разбира дека не е без ризик. Многу луѓе поставуваат знак за еднаквост помеѓу никотинот и чадот од цигарите, но тоа е многу погрешно. Во продолжение ви донесуваме неколку факти кои ги разјаснуваат ефектите на никотинот:

1. Иако никотинот предизвикува зависност и влијае на психоактивната состојба, тој не е примарен причинител за болестите поврзани со пушењето. Всушност, другите соединенија во чадот, како што се бензо[а]пирен, нитрозамин, јаглерод моноксид, катранот и бензенот, специфични за процесот на согорување на тутунoт се примарните причини за болестите поврзани со пушењето. Никотинот е многу токсичен кога ќе се проголта или се апсорбира во високи дози (далеку над оние кои се испуштаат при пушењето или користењето уреди кои не согоруваат) и може да го зголеми бројот на отчукувања на срцето и крвниот притисок на едно лице.

2. Чадот од цигарите, покрај никотинот, содржи повеќе од шест илјади различни штетни и потенцијално штетни материи. Чадот од цигари содржи и јаглерод моноксид кој го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.

3. Пушачите, од една цигара апсорбираат приближно 0,1 милиграм никотин, а за да дојде до фатално труење со никотин, пушачот треба да консумира 400 цигари или 20 пакувања една по друга. 

4. Никотинот е најконцентриран во тутунот, но не е присутен само таму. Го има и во храната што секој од нас ја консумира речиси секој ден. Се наоѓа во ниски проценти во доматите, компирите, пиперките, па дури и во модриот модар патлиџан, но исто така и во гоџи бобинките, кои се сметаат за „супер храна“.

5. Пушењето цигари е докажано најштетниот начин за задоволување на телесната потреба од никотин кај пушачите, токму поради чадот кој се создава при процесот на согорување. 

6. Никотинот може да дејствува и како стимуланс и смирувачки, во зависност од околностите и количината која се внесува. Ова може да се објасни зошто некои пушачи велат дека цигарите им даваат енергија и ја стимулира нивната ментална активност, додека други тврдат дека пушењето им ја ублажува анксиозноста и ги релаксира. На пушачите на цигари им се препорачува да се обидат засекогаш да се ослободат од оваа исклучително лоша навика која има многу негативни последици по здравјето. Докажано е дека понекогаш, токму поради зависноста од никотин станува збор за залудна борба. Откажувањето од цигари и никотин во целост е најдобриот избор за пушачите.

Иновациите во тутунската индустрија и водечкиот производ во оваа категорија, IQOS кој е достапен на нашиот пазар, се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде катран, односно како да се избегне процесот на согорување и со тоа не доаѓа до создавање чад и високи нивоа на штетни состојки кои се присутни во истиот.

За да можат пушачите да преминат од цигари на тутунски алтернативи без чад, овие производи треба да содржат никотин, со цел да ја задоволат потребата за истиот и да бидат прифатливи во поглед на сензорното искуство. Токму затоа, компанијата „Филип Морис интернешнл“ е фокусирана на развој на електронски производи кои при употребата создаваат аеросол, што содржи никотин, но со многу пониски нивоа на штетни материи што се наоѓаат во чадот од цигарите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg