Пет клучни предности на здравиот систем за варење

Неправилната работа на системот за варење може да предизвика многу непријатности и подложен е на пореметувања во зависност од видот храна што се консумира како и други фактори поврзани со дигестивниот тракт. Ефективното варење на храната и правилната работа на системот за варење води до здрав имунолошки систем, обезбедува енергија, го подобрува расположението, влијае врз здравиот изглед и се воспоставува баланс во целиот организам.

pet-kluchni-prednosti-na-zdraviot-sistem-za-varenje-01.jpg

Освен редовните, здрави и умерени оброци, внесување храна богата со растителни влакна и правилна хидратација, врз добрата работа на системот за варење големо влијание имаат и пробиотиците. Консумирањето пробиотици е најдобриот начин да се поттикне овој процес, да се постигне совршен баланс и да се регулира варењето на храната.

Познато е дека во цревата живеат корисните бактерии кои штитат од создавање на лошите бактерии. Пробиотиците или познати како „добри бактерии” се најголеми пријатели и чувари на здравјето. Покрај пробиотиците потребни се и пребиотици, кои се храна за добрите бактерии и ја поттикнуваат нивната корисна функција.

Друга функција на пробиотиците е тоа што поттикнуваат да се свари храната и да се претвори во енергија потребна на целиот организам. Дури и при внесување на најдобрата храна, доколку нејзиното разградување не е помогнато од пробиотиците, таа само ќе помине низ системот за варење без да го снабди со енергија.

Една од предностите од  здравиот систем за варење е и доброто расположение. Ова е, исто така поврзано со пробиотиците, односно придонесуваат за намалување на нивото на кортизол, хормонот на стресот и ја ублажуваат анксиозноста и депресијата.

Резултат на правилната работа на системот за варење е здравата и убава кожа. Ова се случува при процесот на варење на храната и повторно благодарение на добрите бактерии - пробиотиците кои поттикнуваат хранливите материи да се апсорбираат а токсините и хемикалиите да се исфрлат.

Затоа внесувањето на пробиотска, но и пребиотска храна е клучно за здрав систем за варење. Пробиотиците се живи бактерии, присутни во функционалниот јогурт, како Баланс+ а пребиотиците се храна за овие бактерии, коишто пак се присутни во растителните влакна кои ги има во овошјето и зеленчукот. Јогуртот Баланс+ е одлична пробиотска храна затоа што содржи активни јогуртни култури, калциум кој придонесува за нормално функционирање на цревата, а во својот состав го има и познатиот пребиотик - олигофруктоза. Резултатите од редовно консумирање на овој јогурт се докажани со клиничка студија според која со редовно внесување по 500гр Баланс+ секој ден во период од 10 дена се подобрува варењето на храната на најоптимален начин.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg