Со dm растеме и ние, вработените! 10 години еден поинаков професионален развој

Компанијата dm drogerie markt оваа година одбележува 10 години деловно работење и како еден од лидерите на македонскиот пазар, клуч за успехот, како што велат, го гледаат во луѓето, односно нивните вработени. Една од нив е и Мери Гаштарова, која започнувајќи од позиција на продавач, денес раководи со една од дрогериите на најголемиот европски дрогериски ланец во земјава и прославува 10 години успешна работа во dm.

so-dm-rasteme-i-nie-vrabotenite-10-godini-eden-poinakov-profesionalen-razvoj-01.jpg

Можноста за личен и професионален развој е само една од причините поради која Мери решава веќе десетта година да ја гради својата професионална кариера токму во dm.  

Взаемна поддршка и мотивација како клуч за успех на деловен план

Иако со радост се присетува како пред 10 години изгледаше нејзиниот прв работен ден, признава дека на почетокот чувствувала мала доза на несигурност и пријатна возбуда од непознатото: Како ќе изгледа работата во една нова, дотогаш непозната странска компанија на нашиот пазар, како ќе изгледа отворањето на првата дрогерија на dm и како ќе се вклопи во новата работна средина? Ова чувство, како што вели Мери, траело навистина кратко, бидејќи по само неколку часа сфатила дека токму ова е местото каде што сака да продолжи да ја гради и развива својата кариера.

„Посебно сум горда што сум дел од развојот на компанијата уште од првиот ден и што од самиот старт сум дел од тимот кој ја развива и гради оваа компанија на основа на многу меѓународни искуства. Уште од самиот старт сите колеги и колешки сме си безрезервна поддршка едни на други. Денес, една деценија подоцна, со сите нив одлично соработувам, добро се познавам и имам изградено близок однос. Гледајќи наназад, токму ова е една од главните причини за мојот личен и професионален напредок. “ – истакнува Мери.

Во текот на своето работење била сведок на многу промени. Некои од нив претставувале вистински предизвик, други пак задоволство. Поддршката која ја добива од самата компанија ја смета за непроценлива. Чекорот што компанијата го држи со модерниот свет, постојаните инвестиции во своите работени и новите технологии, Мери го гледа како мотивација и шанса за постојан развој и подобрување.

so-dm-rasteme-i-nie-vrabotenite-10-godini-eden-poinakov-profesionalen-razvoj-0.jpg

„Со постојаното ширење на нашата мрежа, се создадоа можности за мојот професионален развој и усовршување. Започнав како продавач, а брзо потоа напредував до позицијата која ја имам сега, раководител на дрогерија. На мојот пат имав огромна помош од моите колеги, а како dm продолжуваше да се шири, така се ширеше и нашето „семејство“. Од ден на ден тимот стануваше сѐ поголем. Доаѓаа нови колеги, кои исто така имаа потреба од помош да се прилагодат и да го заживеат светот на dm. Постојано давам сѐ од себе, новите колеги да ја добијат истата онаа помош, којашто ја добив и јас кога првпат започнав да работам во dm.“

Како личност, која е доста успешна на своето работно место, вели дека работа со луѓе во услужна дејност е нешто што отсекогаш сакала да го работи. А, токму dm е една од причините за продлабочувањето на оваа љубов. Имено, како што вели таа, постојаната поддршка од колегите и од претпоставените ѝ влева посебна доза мотивација, а задоволните лица на купувачите претставуваат неизмерна инспирација за неа, за постојано унапредување и усовршување во своето работење.

Усовршувањето и напредокот на професионалното поле кај Мери влијаеле позитивно и во приватниот живот. На приватно поле, Мери Гаштарова е посветена сопруга и мајка на 2 деца, на кои, благодарение на поставеноста на работните обврски и начинот на работа во компанијата, може целосно да им се посвети, да им пружи безрезервна поддршка и постојано да биде тука за нив.

„Кога една личност е задоволна од професионалниот живот, тоа задоволство се пресликува и на приватен план. Со споделувањето на интересните и убавите моменти, новите искуства кои постојано ги гледаме во текот на работниот ден, ги инспирираме и мотивираме сите околу нас да ги пронајдат малите, но значајни нешта во животот кои ќе им го разубават секојдневието и ќе внесат доза на топлина. Токму ова чувство нѐ прави успешни!’’

За крај, Мери вели дека мотивацијата, ентузијазмот и упорноста се вредности кои уште од самиот почеток ја пратат во dm, а тоа го потврдува нејзината успешна приказна која трае цели 10 години!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg