Детското штедење Халки доби свое лого

Скопје, 04 август 2022 - Детското штедење Халки, еден од најпрепознатливите производи на Халкбанк АД Скопје, доби свое лого. Детскиот депозит, чиј симбол е Слончето Халки, им овозможува на родителите да создадат сигурна иднина за своите деца. Потврда за тоа се и поволните каматни стапки, кои за детското штедење во денари достигнуваат до 1,8 отсто. 

detskoto-shtedenje-halki-dobi-svoe-logo-0.jpg

„Следејќи го пулсот на нашите клиенти, ние во Халкбанк постојано изготвуваме програми и понуди со многу поволности, а една од клучните е токму детското штедење Халки. Среќни сме што сè поголем број родители се интересираат за детското штедење. 

И разбирајќи ја нивната грижа и посветеност да обезбедат сигурност за своите најмили, ние за возврат постојано се трудиме, покрај самиот производ за штедење и сигурноста која ја носи нашиот бренд, да им понудиме и вистинско пријатно искуство за нив и нивните деца во користењето на оваа наша услуга.

Новото лого на Халки на некој начин го отсликува сето ова. Агенцијата се потруди да направи решение кое ќе произлегува од самиот Халкбанк бренд, ќе дава растечка насока и поглед кон иднината, а воедно ќе го претставува и искуството кое се добива низ активностите на нашето слонче Халки.

Во комуникацијата се надоврзуваме и на нашиот корпоративен слоган, но овој пат сосемa природно, велиме „Важни се луѓето, уште поважни се децата“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

detskoto-shtedenje-halki-dobi-svoe-logo-2.jpg

Инспирацијата за новото лого е маскотата на слончето Халки, а формата е геометриска стилизација на неговиот лик.

„Во креацијата на логото се употребени линиите од официјалното лого и брендингот на Халкбанк, како и официјалната типографија од логотипот. Палетата на бои ги содржи зелените тонови што асоцираат на Халки и неговата мисија - подигнувањето на свеста и грижата за животната средина, додека сивиот тон потсетува на бојата на кожата на слоновите“, објаснуваат од маркетинг агенцијата „Ефектива“ чиј тим се грижи за комплетниот развој на ликот на Халки.

Слончето Халки како симбол на детското штедење е дел од голем број општествено-одговорни проекти на Халкбанк. Љубопитниот Халки често организира или поддржува настани, работилници и едукативно-креативни програми за деца.

Низ неговите приказни, активности и другарувања, децата учат важни теми за денешното живеење: здрава животна средина, инклузија, прифаќање, креативно изразување и добри животни навики како читање книги и штедење.

Халки е омилен другар на малите, но и големите деца и им помага во нивните авантури и развивањето на нивните таленти. Најголемите идоли на Халки се токму деца.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg