Македонски Телеком оствари позитивни резултати во првата половина на 2022 година

Според резултатите од работењето на компанијата во првата половина од 2022 година, Македонски Телеком и понатаму продолжува со раст и позитивни резултати и ја потврдува лидерска позиција на пазарот во повеќето сегменти.

makedonski-telekom-ostvari-pozitivni-rezultati-vo-prvata-polovina-na-2022-godina-01.jpg

Приходите од продажбата се зголемени за 8,9 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 5,9 милијарди денари. Oперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година.  

Сепак, ефектите од глобалните економски трендови и зголемувањето на цената на електричната енергија влијаеше врз EBITDA маргината, која во првите шест месеци од 2022 година е намалена и изнесува 39,6% во споредба со 42,7% на крајот од истиот период од претходната година.  

Број 1 на ТВ пазарот

Македонски Телеком го задржува водството на пазарот на ТВ услуги со удел од 34,1 %. Квалитетот и уникатното искуство и атрактивната понуда на содржини на MaxTV придонесе за зголемување на бројот на корисници на 147 илјади, односно, за 1,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година. 

Раст во сегментите: интернет и мобилни услуги

Трендот на раст продолжува и кај мобилните и интернет услуги. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,3 проценти и изнесува 200,6 илјади, а за 3,1 отсто зголемени се интернет пристапите.  
Во мобилните комуникации, компанијата има удел на пазарот од 48,4%, а базата на корисници е зголемена за 12,2 отсто. И во фиксната телефонија остануваме на лидерска позиција со удел од 62,2%, односно, 225 илјади корисници. 

Голем скок во ИКТ сегментот

Во првата половина од 2022 година, забрзано расте и користењето на ИКТ и Cloud решенија и услуги, што доведе до зголемување на приходите од системска интеграција и ИТ услуги за дури 163,1 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Позитивниот тренд во ИКТ сегментот се должи на зголемените приходи од ИКТ проекти, како што е проектот паметен град. 

Ширење и развој на 5G и оптичката мрежа

Во првата половина на 2022, Македонски Телеком ја пушти во функција првата и најголема 5G комерцијална мрежа во Македонија, која е достапна во повеќе од 16 градови, а во поголемите градови подготвена да обезбеди гигабитни брзини. Компанијата и понатаму интензивно работи на терен, а до крајот на годината, вкупно 26 градови и нивните околини целосно ќе бидат 5G покриени.

Паралелно со мобилната расте и се развива оптичката мрежа. На крајот на првата половина на 2022 година, овозможени се повеќе од 260 илјади пристапи до оптика што е за 12% повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Остануваме посветени на развој на најдобрата мрежа и креирање иновативни услуги и решенија за најдобро корисничко искуство.

Македонски Телеком

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg