Нова лимитирана едиција на IQOS 3 DUO – Passion Red

Револуционерниот уред IQOS, со кој компанијата Филип Морис овозможи на милиони пушачи кои не се откажуваат од пушењето да можат да одберат подобра алтернативна, повеќе две години е достапен и на македонскиот пазар.

nova-limitirana-edicija-na-iqos-3-duo-passion-red-01.JPG

Технологијата која стои зад овие електронски уреди овозможува загревање на тутунот на контролирани температури до најмногу 350° целзиусови, процес кој целосно го елиминира согорувањето.

Поради отсуството на согорувањето IQOS уредите не испуштаат чад, туку аеросол кој содржи никотин, а при тоа не се создава пепел.

Во аеросолот од IQOS уредите измерено е и до 98% намалување на одредени нивоа на штетни или потенцијално штетни соединенија, споредено со чадот од цигарите.  

Но, во духот на денешното модерно време, IQOS уредите се секогаш со впечатлив,  уникатен и модерен дизајн.

Така е создадена и лимитирана едиција Passion Red, која е во страсна црвена боја и златен капак за полнач, со боја која се прелева и које е веќе достапна, ексклузивно за онлајн нарачка преку страницата или виртуелна зона како и кај IQOS партнерите, до 15 август. Потоа уредот ќе биде достапен и на IQOS зоните.

nova-limitirana-edicija-na-iqos-3-duo-passion-red-02.JPG

IQOS е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 71 пазар во светот. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg